• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • 30 дечиња од Македонија и Турција подготвија тројазична претстава за охридската публика

30 дечиња од Македонија и Турција подготвија тројазична претстава за охридската публика

Меѓународен театарско-јазичен камп во ОУ „Григор Прличев“

 |  Мишел Наумоски  | 
pretstava

Земјата Фантазија е загрозена и само ако на Бастијан, детинестата Кралица и другите нивни пријатели им успее наново да ја создадат и со нивните сништа и желби повторно да ја оживеат, таа може да биде спасена. Ова е само мал вовед од големата претстава која 30 дечиња од Македонија и Турција заеднички ја подготвуваат во рамки на првиот меѓународен театарско јазичен камп на кој домаќин е основното училиште „Григор Прличев“.

makedonsko-germansko-turska pretstava„Идејата потекна од ланскиот камп во Истанбул, кога исто беше во организација на Гете институт. Се одлучивме да направиме еден камп, нешто малку поинакво во градов, сепак е ова прв меѓународен театарско-јазичен камп кој ќе биде на три јазици и целта е пред се да се спојат трите култури, македонската, германската и турската и нормално да се анимираат децата да размислуваат за фантазијата бидејќи самиот камп, претставата која што се спрема тема од филмот „Бескрајна приказна“ од Михаил Енде. Организационо, 15 дечиња од Турција се сместени во фамилии, кај нас во градов и нормално оние дечиња во Македонија исто така.“-вели Ивана Маховска-професорка по германски јазик и организатор.

На подготовката на претставата дечињата заедно со тројца наставници од Германија, театарскиот педагог и организаторите напорно работеле во изминативе недела дена.

pretstava deca grigor„Од 20ти до 30ти точно, со тоа што на 29ти односно деветтиот ден е преставата. Од наутро од 9 часот почнувавме до 12 и 30 со часови по германски кои што ги одржуваа наставници кои што дипломирале на факултетот во Јена, потоа имавме мала пауза за ручек и прошетка и потоа во попладневните часови децата работеа театар, ја подготвуваа театарската претстава. Она што се работеше на театарската претстава, паралелно се работеше и на часовите по германски јазик чисто за да се олесни изговорот на дечињата.“-рече професорката Маховска.

Младите глумци се победници на натпреварот по глума, кој се одржа во Турција и во рамки на БУФ Фестивалот во Скопје. Инаку оваа нивна интересна претстава ќе може да се погледне на 29ти Јуни, во понеделник со почеток од 18 часот во предворјето на црквата „Св.Софија“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top