Global Challengers: „Нема големи натпреварувања без спонзори“

Со сопствени средства, без никакви спонзорства, не може да се излезе на некое големо натпреварување, велат од охридската кантер страјк екипа.

 |  Мишел Наумоски  | 
counter strike

Милчо „Nacho“ Кироски, Слободан „Danko“ Боев, Мартин „Hex“ Ангелоски, Димитрије „Dreadon“ Јовановиќ и Зоран „Busilica“ Стојановски е огнената кантер страјк петорка на Global Challengers од новиот бран млади охридски играчи. Моментално рангирани на самиот врв во Македонија велат, со судни маки и многу откажувања, успеваат да го извлечат максимумот од себеси и од секоја ситуација. Сепак, немаат некој позначителен настап на некој поголем турнир. Проблемот лежи во финансиите. Капитенот на екипата, Милчо Кироски вели дека одвојуваат од сопствениот буџет за да направат нешто. Освен средства за учества на турнири, вели дека им недостасуваат и подобри компјутери бидејќи тоа е единствена алатка во е-спортот.

Global Offensive„Ние за да излеземе надвор на некој балкански турнир ни требаат пред се финансии. Ни треба платено учество и пат. Еве учеството нека биде од наша страна, барем еден дел да е платен од спонзор за да можеме ние да играме, да имаме за што да играме, бидејќи ако играме со свои средства не е тоа тоа. Неопходни се хардверски подобрувања, не може без нив да се натпреваруваме, едноставно не сме компетитивни со светските екипи, а и балканот е далеку пред нас. Една Србија е пред нас далеку, исто и Бугарија, има екипа во топ 10 во светот што самото говори за спонзорите и за помошта која им се пружа.“-вели Милчо „Nacho“ Кироски-капитен на Global Challengers.

Global Challengers OhridТој вели дека е-спортот има големо значење за една специфична популација. Вели дека често се случува само еден натпревар да биде проследен од преку 40 илјади гледачи што е еквивалент на било кој друг организиран спорт во светски рамки.

„Играта има доста голем замав на светско ниво каде играчите играат за своите организации, работат за нив и земаат плати за тоа. Кај нас во Македонија тоа го нема. Ние како топ еден екипа во земјава кај нас пред се пробуваме да се пробиеме пред се на балканско ниво, немаме некои поголеми резултати, па се надевам дека ќе излезе нешто од сево ова, па потоа и на светско па се надевам и дека за некоја организација ќе заиграме еден ден.“-рече Кироски.

„Сите си имаме обврски, времето кое ни останува го користиме максимално“-вели Милчо.
Работат и учат преку ден, а тренираат во навечер, се со цел да успеат и да го афирмираат своето име, градот, па и државата, на некој поголем и позначаен турнир во Counter Strike-Global Offensive. 500 евра за учество и пат обезбедени од спонзорства вели би им овозможиле да се натпреваруваат во слични услови како и некои од најдобрите екипи од светот. Засега целта им е балканското првенство во Србија. Се надеваат дека доколку успеат таму да се натпреваруваат и ја покажат својата умешност, за скоро време ќе го афирмираат своето име, својот град и државата чекорејќи по стапките на славниот охридски Counter Strike состав Ентити.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top