„Најтешкото“ во Охрид

Филмот за момчето кое со својот глас го освои Балканот, Европа па и Светот од понеделник во кино салата на Центарот за култура „Григор Прличев“.

 |  Ристо Јакимоски  | 
Tose Proevski
Тоше Проевски

Филмот за момчето кое со својот глас го освои Балканот, Европа па и Светот од понеделник во кино салата на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во документарецот посветен на легендата-Тоше Проески е опишан патот по кој тој стигна до ѕвездите како и спотовите за најновите песни кои ги сними пред трагичниот настан кој се случи пред повеќе од една година.

Документарниот филм посветен на нашата музичка ѕвезда, Тоше Проески од понеделник и во кино салата на Центарот за култура Григор Прличев. Филмот е приказна за момчето кое со својот глас го освои Балканот, Европа па и Светот. Во документарецот е опишан патот по кој Тоше стигна до ѕвездите како и спотовите за најновите песни кои тој  ги сними пред трагичниот настан кој се случи пред повеќе од една година.

Toshe ProevskiВлезниците за филмот ќе бидат пуштени во продажба наредната недела, а цената е 100 денари. Филмот претпремиерно беше прикажан на денот на раѓањето на Тоше – 25 јануари, кога беше промовиран и албумот на англиски јазик. Режисер на филмот е Словенецот Боштјан Слатеншек. За сега пиратеријата не успеала да го украде филмот. Од центарот за култура се надеваат дека тоа така и ќе остане .
Ваквите атрактивни наслови кои во последно време се прикажуваат во охридскиот Центар за Култура, полека ја враќаат навиката за одење на кино и кај нај младите.
Целта на филмската уметнос е создадеденото дело да се гледа во кино сала, за да може пораката која ја носи самиот филм истовремено да биде разбрана од повеќе гледачи. Филмската сезона во Центарот за Култура продолжува со доста атрактивна понуда. Во моментов на репертоарот е најновиот филм за Џејмс Бонд.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top