Пожар го зафати објектот на некогашниот затворен пливачки базен во Струга. Единиците на Против пожарната единица од Струга веднаш интервенирале и за брзо време пожарот бил локализиран.
Некогашниот струшки затворен пливачки базен кој е во склоп на ОУ „Браќа Миладиновци“, покрај тоа што се распаѓа и е оставен на забот на времето, вчера го зафати уште една катастрофа. Околу 19 и 40 минути избувнал пожар. Пламените јазици и густиот чад предизвикале паника и вознемиреност кај граѓаните бидејќи пожарот бил во близина на нафтените резервоари на објектот.
Како што не информира командирот на струшката единица за противпожарна заштита Минир Мамуди, дојавата за пожарот до нив стигнала од струшката полиција. Две екипи со три противпожарни возила веднаш излегле на терен и со брза интервенција од десетина минути успеале да го локализираат пожарот. За среќа направена е само материјална штета.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град