Министерот Чавков очекува мирна и безбедна туристичка сезона во Охрид

Со координиран пристап меѓу сите субјекти во општеството, до успешна туристичка сезона. Оваа порака доаѓа од највисокиот врв на Министерството за внатрешни работи. Денес се одржа седница на Локалниот Совет за превенција на која присуствуваше и министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

 |  Николоска Биљана  | 

Локалниот Совет за превенција одржа седница на која се дискутираше за мерките што ќе се преземат во пресрет на туристичката сезона во охридско-струшкиот регион. Како што истакна првиот човек на градот Ниола Бакрачески, безбедноста и јавниот ред во Охрид за време на туристичката сезона и тоа како им е важна на сите чинители во туризмот.

„После спроведена координирана активност помеѓу сите субјекти за очекување е дека во текот на оваа сезона ќе имаме највисоко ниво на постигнување на ред и мир безбедност и организација на сите предвидени активности кои чинат квалитетна туристичка понуда и задоволни гости од Охрид“– истакна Бакрачески.

Како што истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков, неговото присуство на седницата на Локалниот Совет за превенција се должи на тоа што сакал директно да се информира за состојбите со безбедноста на територијата на општина Охрид, со цел, да констатираат дека имаме поволни безбедносни состојби. Чавков истакна дека министерството секојдневно ќе се труди да ја одржи состојбата стабилна за да можат охриѓани и гостите да се чуствуваат мирно и безбедно.

„МВР е силно фокусирано на развивање на различни превентивни механизми особено во нивна имплементација ќе настојуваме со сите сили тоа да го правиме со сите чинители во општеството, ние сме сигурни дека факторите и причините на различните облици на криминалитет или други безбедносни појави се многу врсни, така да сметаме дека со еден координиран мултисекторски пристап можеме да влијаеме на превенирање и на обезбедување стабилен јавен ред и мир“ – нагласи министерот Чавков.

Во врска со прашањето дали ќе има влијание политичката состојба врз туристичката сезона, Чавков нагласи дека во моментов не би можел да одговори на тоа прашање. Но, неговиот личен став е дека безбедносната состојба во Македонија е поволна, стабилна и добра, а случувањата во Куманово ги детектирале како изолиран случај или проблем, што немале импакт на целокупната безбедносна состојба. Тој се надева дека независно од политичката криза за која се дискутира секој ден, што според него значи одредено дефокусирање на институциите и на јавноста, смета дека нема да има значителни последици, но остава показателите и бројките да го покажат тоа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top