• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Велосипедска тура, јога на плажа, еко акции за чистење на брегот по повод Денот на езерото

Велосипедска тура, јога на плажа, еко акции за чистење на брегот по повод Денот на езерото

Годинава настанот се случува со голема поддршка од невладините организации, СВР-Охрид, советот за безбедност во сообраќајот на патиштата, добива на масовност. Истиот ќе има и хумана димензија.

 |  Мишел Наумоски  | 
den na ezero

 

Охриѓани масовно ќе го одбележат 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро. 15 години откако е воспоставен со заеднички сили на претставниците на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија и Албанија годинава по  шеснаесетти пат ќе се потсети на значењето на постоењето, но и заштитата на езерото.

velo tura den ezero„Шеснаесет години подоцна се соочуваме со нови предизвици кои произлегоа овие години најмногу за интересот на економски развој на општините од двете страни и кои предизвици ќе бараат од нас дополнителни напори и дополнителни вложувања за да можеме да ја објасниме еколошката приказна односно дека овој регион треба да остане автохтон односно онака како што бил затоа што тоа е нашата приказна пред туристичкиот кластер што би рекле, она што е ендемично да остане ендемично, да остане тука затоа што тоа е приказната што можеме да ја продадеме и за себеси и за оние кои што имаат интерес за Охрид.“-вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Еколошката димензија на „Денот на Охридското Езеро“ годинава ја поддржува и граѓанската иницијатива „Охрид С.О.С“. Програмата ја надополнуваат со едукативно-креативна содржина за подигнување на еколошката свест.

kruzna tura okolu ezero„Граѓанската иницијатива Охрид С.О.С пушти апел до сите месни заедници кои би сакале да се вклучат и да бидат дел преку волонтерски активности и да направиме едно што помасовно чистење на брегот на охридското крајбрежје, очекуваме еден пункт во Љубаништа, Трпејца, Лагадин, Студенчишко Блато, и благодарение на ЕД Грашница таков пункт да се направи и во околината на Грашница.“-рече Илина Арсова од „Охрид С.О.С“.

Годинава Денот на езерото добива и еден малку поинаков белег. Со оглед на тоа што минатата година 21 јуни беше прогласен за Светски ден на јогата, во недела охриѓани ќе имаат можност да уживаат и во ова задоволство.

„Милиони луѓе во 9 часот ќе седнат кај пунктовите, во Охрид на плажата веднаш до езерската полиција каде малку ќе работиме на опуштање на телото, да се запознаеме со ритмовите на дишење кои се показатели на нашата емотивна состојба и потоа мирно ќе се спуштиме во една медитативна состојба на умот внатре во себе посакувајќи општество без стрес и насилство.“-изјави Теодора Јанева од невладината ”Art of living”.

Своја поддршка и придонес во обележувањето на Денот на езерото и од Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Den na Ohridsko Ezero„Сакам да напоменам дека СВР Охрид каде сум портпарол и општинскиот совет за безбедност во патниот сообраќај исцело ги поддржуваат сите активности во насока на достојно и што поголемо прославување на Денот на Охридското Езеро. СВР-Охрид години наназад практично од првиот ден на своето постоење па се до денес преку езерската полиција е еден од најактивните чинители во делот на заштита на Охридското Езеро.“-рече портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

За целиот настан освен еколошката димензија да има и хуман карактер ќе се погрижат и волонтерите на Црвениот крст од Охрид.

„Сето помогнато од волонтерите од Црвениот крст, учеството се плаќа незначителни 150 денари со кои добивате ваучер, кои пари одат за помош на ранливите семејства во општината, а со истиот тој ваучер додека трае турата околу езерото имате забава малку во вода возење на банана она основното и малку охридско кисело млеко и јогуртче без ѓомлезе не ги пуштаме гостите да си одат.“-вели Александар Јованоски од велосипедскиот клуб „Еко Дром“.

Инаку пријавувањето за учество започнува во 8 часот и 30 минути на „Кеј Македонија“ пред лаунџ барот Објектив и ќе трае до 9 часот и 30 минути. Стартот на кружната тура околу езерото е во 10 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top