Локалната самоуправа се потранспарентна за граѓаните. Денес Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со неговиот тим организираа средба со охриѓани кај некогашна Летница. Граѓаните можеа да си ги кажат своите проблеми на еден спонтан и непосреден начин.
Средби на отворено со граѓаните на Охрид. Ова е нов начин на комуникација на Грдаоначалникот Никола Бакрачески и службите при Локалната самоуправа со охриѓани. Градоначалникот со цел да се доближи што повеќе до граѓаните и да ги слушне лично од нив проблемите со кои се соочуваат, денес, заедно со својот тим реализира средба со нив, во центарот на градот, на култното место Летница.
Сметаме дека на ваков начин граѓаните ќе бидат ослободени од сите стеги кои ги предизвикуваат формалностите за да се закаже средба со мене или со некој претставник на Локалната, рече Бакрачески.
Грдаоначалникот изрази задоволство од интересот на граѓаните да се сретнат со него и кажа дека во најголем дел тие побарале решавање на проблеми од комуналната и урбанистичката сфера.
По завршувањето на средбата ќе анализираме колкав беше интересот и ќе одлучиме дали вакви средби ќе имаме и понатаму. Јас и мојот тим сме задоволни од денешниот отворен ден за граѓаните, мислам дека и тие се задоволни од ваквата иницијатива, рече Градоначалникот.
Бакрачески потсети дека пред една недела реализираа и ден на идеи кога граѓаните имаа можност да ги напишат своите идеи, предлози и проекти за подобар Охрид. Нареднава недела посебна комисија ќе ги разгледува, и сите кои се издржани, локалната ќе ги прифати и реализира.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град