Секторот за урбанизам „пишман аџија“ за урбаната опрема на „Коста Абраш“

Тротоарите покрај самиот кеј на езерото на улицата „Коста Абраш“ и оваа летна туристичка сезона окупирани со маси и столици.

 |  Мишел Наумоски  | 
trotoari Kosta Abras
тротоари Коста Абраш

Нова летна сезона, стара слика на улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото. И оваа сезона, тротоарите на оваа улица окупирани од урбаната опрема односно од масите и столиците на хотелско-угостителските објекти на овој потег. Пешаците, наместо по тротоарите предвидени за нив, уште една летна сезона приморани да се движат по самиот коловоз. ТВМ во повеќе наврати информираше за овој проблем на охриѓани, особено оние кои гравитираат на овој потег. Од локалната не гледаа проблем и нивниот став беше дека тој потег е замислен како медитеранско катче, во кое треба да уживаат туристите и охриѓани.

kosta abras urbanaНа почетокот на годинава, при носењето на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2015-та година, запрашавме дали за годинава е предвидено поставување на урбана опрема на овој потег. Од секторот за урбанизам го добивме следниот одговор:

„Во програмата што е донесена за 2015та на тој простор нема маси и столици по тротоарот. Сообраќаница ќе си биде со одреден режим на користење, а на тротоарот нема да има урбана опрема.“-вели Бранко Арнаудов-Сектор за урбанизам.

Неколку месеци подоцна сликата говори нешто сосема друго. Се обративме до одделението за односи со јавност при локалната самоуправа, од каде пак ни посочија одговорот да го побараме од секторот за поддршка на градоначалникот.

urbana oprema kejНив ги запрашавме зошто тротоарите се окупирани со ваква урбана опрема и зошто претставниците од секторот за урбанизам само неколку месеци претходно тврдеа поинаку. Дали општинските инспекциски служби излегле на терен и дали констатирале прекршок. До затворањето на дневникот не добивме одговор на ова прашање. Останува само добро познатата слика на тротоари зафатени со маси и столици, и пешаци, туристи и охриѓани што се движат по самиот коловоз. Инаку, токму овој потег според донесениот летен режим на сообраќај, претставува сообраќајница односно подрачје со смирен сообраќај каде возилата не смеат да се движат побрзо од брзината на пешаците.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top