Охридската вода исправна за пиење. Стружани да бидат повнимателни при користењето на водата бидејќи во последните неколку недели недоволно била хлорирана, велат од Центарот за јавно здравје.
Охриѓани слободно можат да ја пијат водата од градскиот водовод. Најновите податоци од Центарот за јавно здравје покажуваат добар физичко- хемиски и микробиолошки квалитет. Останува проблемот со водата од селските водоводи која е со променлив квалитет, поради нередовното користење на средства за дезинфекција. Квалитетот на водата на шесте јавни градски чешми во Охрид е задоволителен и водата може да се користи за пиење. Редовно се следи и состојбата со квалитетот на водата во Билјанини извори. Анализите покажуваат дека таа е со променлив квалитет. Се контролира и водата од изворот кај црквата Св. Петка кај Св. Наум. И таа ги задоволува дозволените параметри за квалитет. Единствено отстапување од нормалните параметри има во примероците земени од струшкиот регион.
Последните две недели имаше заматување на водата. Причина е што немаше доволно дезинфекционо средство. Укажано е до надлежните служби и се превзедоа мерки. Но, сепак граѓаните нека бидат претпазливи при нејзиното користење, вели бромологот Сашо Точков.
Земени се примероци на вода за анализа и од реките кои се вливаат во охридското езеро,Черава, Сатеска, Коселска и Велгошка. Овие примероци покажале дека физичко-хемиски и микробиолошки водата припаѓа на трета и четврта категорија. Ова значи дека загадувачите на Охридското езерто сеуште постојат и го оптоваруваат езерскиот екосистем, вели Точков.
Езерската вода пак, во целиот дел од охридското крајбрежје може да се користи за капење. Според добиените резултати квалитетот на водата во езерото пред почетокот на туристичката сезона е од прва и втора класа. Примероци се земени од 10 до 15 метри од брегот на езерото во длабочина од пола метар до метар, поточно од делот што се користи за спорт, капење и рекреација.
Во тек е цветањето на алгите. Оваа појава е природен процес кој треба да заврши кон крајот на јуни и кој не претставува проблем за капење.
Водата каде има алга не е загадена, но напоменувам да внимаваат сите оние кои ќе се капат каде што има алга а кои што имаат некакви алергиски реакции бидејќи може да дојде до појабва на осип на кожата, објаснува Точков.
Од ЦЗЈ најавија дека во овие летни месеци ќе прават почести контроли на водата како би се избегнале некакви несакани последици.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град