Бакрачески излезе од ИК на ВМРО ДПМНЕ за целосно да се посвети на Охрид

На завчерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се оддржа во Охрид , беше избран новиот состав на Извршниот Комитет. Оваа постапка е согласно Статутот на Партија и се очекуваше по оддржување на редовниот Конгрес во Куманово на кој беше реизбран лидерот Никола Груевски.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vmro dpmne

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески веќе не е член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. За ТВМ изјави дека тоа е поради две причини. Прво, бидејќи тој самиот барал зошто сакал повеќе да се посвети  на решавањето на проблемите на градот и на многубројните проекти кои се во тек и кои престојат во периодот што следува, а второ бидејќи ваквата промена е дел од концептот на  партијата според кој на секои две години се прават ротации и се внесуваат нови и свежи кадри.nikola bakraceski

Инаку, на завчерашната седница Емил Димитриев беше по втор пат избран за Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Во новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ има десет нови имиња од кои дел и се познати на македонската јавност. Во новиот ИК се избрани професорот на Економски факултет во Прилеп Никола Димески, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, професорот од Машинскиот факултет Христијан Мицковски, доктор Александар Митов, градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски кој во ова партиско тело се очекува да ги застапува интересите на граѓаните кои живеат и работат во руралните средини, претседателот на Градскиот Комитет на Унијата на Млади Сили од Скопје Лука Кржаловски.
Во новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ влезе и Никола Затуровски, директорот на средното училиште Нико Нестор во Струга. За член на ИК на Партијата е избрана и Дафина Стојановска Ивановска од Гостивар, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гостивар. Нов член на ИК е и магистер по електро-технички науки Горан Јандреоски од Скопје, како и магистер по дефектолошки науки Нермин Телоска која е прв припадник на турската националност кој е член во ова високо партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ.
Во новиот состав на ИК на Партијата остануваат Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставревски, Сашо Мијалков, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска. Во Извршниот комитет членови се и Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски од Кичево, координаторот на пратеничката група Илија Димовски од Велес, пратениците Зоран Георгиевски од Куманово, Силвана Бонева од Струмица, Зоран Илиоски од Битола и Владимир Ѓорчев.logo
Во новоизбраниот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ членуваат и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, Миле Јанакиески и претесдателите на Униите на жени и млади, Даниела Рангелова и Владимир Нелоски.
И во овој состав на ИК на Партијата повторно се избрани пратениците Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски со што партијата ја продолжи веќе зацртаната политика за инкорпорирање на Македонците со исламска вероисповест во своите редови и давање на континуирана поддршка кон нив.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески веќе не е член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. За ТВМ изјави дека тоа е поради две причини. Прво, бидејќи тој самиот барал зошто сакал повеќе да се посвети  на решавањето на проблемите на градот и на многубројните проекти кои се во тек и кои престојат во периодот што следува, а второ бидејќи ваквата промена е дел од концептот на  партијата според кој на секои две години се прават ротации и се внесуваат нови и свежи кадри.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top