Пет споменици ќе никнат на плоштадот и околу него, до почетокот на летната сезона.
Градоначалникот вели за повеќето од нив обезбедени се средства.Граѓаните задоволни од иницијативата со која им се одава почит на оние кои оставиле белег не само за Охрид туку и за државава.
Спомен одбележја за Григор Прличев, Христо Узунов, Живко Чинго, како и за Св. Наум, за скоро време ќе бидат поставени во централното градско подрачје. Поголем дел од грѓаните задоволни со идејата на локалната околу плоштадот да има многу спомен одбележја.
За дел од спомен одбележјата веќе е обезбедена локација и средства, а за останатите сеуште се размислува,вели градоначалникот на Охрид Александар Петрески.
„Убеден сум дека на конкурсот за идејни решенија на споменодбележјето ќе се пријават Охриѓани. Свесни сме дека во Охрид има уметници кои можат да изработат макети и според нив да се работи“,вели Петрески.
Пример за ова е првичното решение на бистата за Христо Узунов, која ја правеше охридски професор и која најверојатно ќе биде прифатена како крајно решение, вели градоначалникот. Тој додава дека за поголем дел од спомен одбележјата се обезбедени средства,локалната треба само да го подготви просторот. Останатото треба да го исполни донаторот.
По сугестија на Цветан Грозданов најверојатно ќе се прави споменик за Св наум со кој ќе се заокружи делот на споменици на градскиот плоштад. Според планот на локалната овој споменик треба да се постави во близина на рибниот ресторан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град