Синдикатот и работодавачите со различни предлози околу исплатата на К-15
На вчерашните преговори од ССМ посочиле дека К-15 треба да добиваат само членовите на синдикатот, предолг кој според работодавачите не е прифатлив и клучен критериум треба да биде финансиската кондиција, односно ликвидноста на фирмита.
“Партнерите констатираа дека правото на регрес за годишен одмор останува за работниците од приватниот сектор, со тоа што истото би било поврзано со членување во синдикат, а во одредени случаи би се утврдила и можноста при исплатата да се земе предвид економско-финансиската состојба на работодавачот, за што задолжително се прави посебен договор со синдикатот на ниво на работодавач, по предходна согласност од синдикатот на повисоко гранско ниво, односно дејност”, стои во официјалното заедничко соопштение на ССМ и на Организацијата за работодавачи.
Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, која на почетокот на годината од ССМ побара укинување на исплатата на К-15, вчера, по состанокот рече дека и годинава за работниците ќе има регрес, и тоа во утврдениот износ, но нема да го исплаќаат сите фирми.
“Договорено е К-15 да исплаќаат фирмите кои се во можност тоа да го сторат. По секоја цена не можеме да ги принудуваме фирмите кои се во финансиски тешкотии да даваат регрес за годишен одмор. Измените на текстот на Општиот колективен договор од следната недела ќе ги прави работна група”, рече Ангелов.
Реагираа од независните сидикати и невладините организации, кои сметаат дека укинувањето би било удар за работниците, но и дека регресот треба да се исплаќа и во јавниот скетор.
Работодавачите лани првпат исплатија задолжителен К-15 кој, според колективниот договор, изнесуваше минимум 40% од просечната плата исплатена на државно ниво во последните три месеци. За минатата година минималниот износ за К-15 беше 8.400 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град