Граѓаните кои имаа некаква идеја, проект или предлог денес можеа да ги напишат и да ги достават до службите во Локалната Самоуправа и Јавните претпријатија.
Општина Охрид денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски“организираше „Ден на идеи“. Сите граѓани кои имаа некаква идеја, проект или предлог имаа можност да ги напишат и да ги достават до службите во Локалната Самоуправа и Јавните претпријатија.
Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорите од охридските јавни претпријатија, раководителите на сектори и одделенијата и стручните лица од службите на општина Охрид ги слушаа идеите, предлозите и сугестиите кои им ги даваа охриѓани, а најдобрите од нив ќе бидат инкорпорирани во идните програми за работа на општина Охрид.
На мое задоволство, одзивот на граѓаните е добар. Тие доаѓаат тука ги изнесуваат своите идеи и на тој начин активно допринесуваат во градењето на подобар Охрид и стануваат партиципиенти во идните програми на општината за уредување на градот, во комуналната, сообраќајната сфера, во делот на урбанизмот, културата, туризмот, спортот и сите области од секојдневното живеење на градот, рече градоначалникот.
Бакрачески рече дека ова е еден од начините за отчетно и транспарентно работење кое тие го етаблирале уште од почетокот на нивниот мандат и од кое што не размислуваат да отстапат. Ваквите средби со граѓаните и непосредните контакти со нив ќе продолжат и во иднина. По разгледувањето на доставените идеи и предлози и по проценката на можностите за нивна имплементација и реализацијаи по нивното инкорпорирање во некои од програмите на локалната, иницијаторите на идеи ќе бидат објавени. На тој начин ќе се мотивираат и останатите граѓани да добијат инспирација и активно да партиципираат во градењето на подобар Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град