Убиство и обид за убиство на сред бел ден на градскиот плоштад во Кичево. Жител од Другово со неколку убоди од нож го усмртил сопствениот постар брат, а исто така тешко ја повредил и неговата сопруга.
Четириесет и двегодишниот А.С. од кичевското село Другово, со нож го убил неговиот брат Арун С. (46), а потоа се обидел да ја убие и неговата сопруга. Осомничениот е приведен и како што информираат до СВР Охрид против него поднесена е кривична пријава за убиство на братот и за обид за убиство на снаата.
„Тој вчера околу 16 часот на градскиот плоштад во Кичево го забележал неговиот повозрасен брат и неговата сопруга и им пришол од зад грб извадил нож и на својот брат му задал повеќе убоди во пределот на вратот и лицето, додека неговата сопруга тешко ја повредил во пределот на левото рамо“ – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
По ранувањето на братот и на снаата, осомничениот А.С. избегал од местото. Повредените биле пренесени во болница каде што кај Арун била констатирана смрт,а кај неговата жена сериозни повреди. По неколку часа, полициски службеници го пронашле А.С. скриен во куќа во Кичево и го лишиле од слобода. Во куќата бил пронајден и одземен ножот со кој го извршил кривичното дело. Врз ножот и други предмети ќе биде извршена криминалистичка обработка, а врз телото на починатиот обдукција. Како што информираат од СВР, можни причини за сторените дела се од психичка природа, нарушено психичко здравје и нервна раздразнетост на осомничениот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град