Рибочуварските служби на Преспанското Езеро одлично се справуваат со рибокрадците. Поради тоа физичката заштита на ова езеро е на високо ниво, велат од државниот инспекторат за земјоделство. Преспанското Eзеро после подолг временски период, доби свој концесионер кој се грижи не само за стопанскиот туку и за рекреативниот риболов и воопшто за целиот еко систем на езерото.
Годинава 5 милиони денари буџетски средства ќе бидат наменети за заштита на рибниот фонд на Преспанското Езеро. Речиси една година овој ревир е издаден под концесија со цел да се зашти еко системот на езерото посебно на преспанската белвица за време на нејзиниот мрест од мај до јунни месец. Овие средства ќе ги користи концесионерот на езерото и неговиот слив, како што изјави Јован Бојчовски државниот инспектор. Од самото доделување на рибниот фонд на концесија државниот инспекторат за земјоделство е во постојан надзор на Преспанско Езеро и постојано го следи риболовот, вели Бојчовски.
„Не само за време на рибостојот но и пред тоа, можам да кажам дека физичката заштита на рибите во Преспанското Езеро е на едно високо ниво. Тоа се гледа и од фактот што изминативе осум месеци имаме констатирано зголемен број на прекршоци во однос на изминатите периоди, тоа е од фактот што имаме откривање од страна на рибочуварската служба на концесионерот и од страна на овластаните лица на државниот инспекторат за земјоделство и МВР “- нагласува Бојчовкси.
Покрај стопанскиот риболов како носечки елемент на концесионерството на Преспанското езеро е и рекреативниот риболов на бреговата линија и сливот, односно реките на Преспанското Езеро.
„Веќе ние во изминатиов период од 3-4 месеци влеговме со инвестирање за изградба на тие риболовни пунктови за организација на една стратегија заедно со риболовната федерација на РМ и во иднина ќе пробаме да организираме на републички, европски светски првенства“ – вели Науме Ставрески – концесионерот на Преспанското Езеро.
Со оглед на тоа дека Преспанското езеро има три мајки односно државите на кои излегува, Македонија, Албанија и Грција, за ова езеро сеуште не е склучен меѓународен договор за комплетна заштита на рибниот фонд. Во моментов македонската страна редовно одржува контакти со албанската страна но не и со грчката и досега езерото заеднички е порибено со крап, како што информираат од државниот инспекторат за земјоделие. Инаку со земење под концесија на Преспанското езеро, кнцесионерот вработи 34 рибари, 6 рибочувари кои будно го следат езерото со 3 глисери. Квотата на излов на риба на Преспанското Езеро е 216 тона риба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град