Пливачката сезона во градов ќе започне кон крајот на месецов. Се подготвува отворениот базен на СРЦ „Билјанини извори“. Од утре започнуваат и уписите во пливачката школа „Делфина 2012“.
Се прават подготовките за отварањето на пливачкиот базен на СРЦ „Билјанини извори“. Се уредува просторот, се коси тревата околу базенот, а деновиве ќе се чисти и самиот базен. Пливачките школи и ова лето ќе обучуваат деца како правилно да пливаат и да ги усовршат сите техники од овој спорт. Школата „Делфина 2012“ од утре започнува со уписи на сите заинтересирани. Можат во школата да се запишат деца од четири години па понатаму. Интерес постои, кажува професорката Соња Думбалова Делова. Таа вели дека минатите две лета обучиле повеќе од двеста деца, а меѓу нив имало и возрасни луѓе.
Претходната година имавме и кандидати на возраст од 25-26 години кои не знаеа да пливаат. Бидејќи не сакаа да доаѓаат заедно со малите деца за нив организиравме тренинзи во раните утрински часови. Задоволна сум што ги совладаа техниките на пливање, вели Думбалова.
Професорката кажува дека работат и со деца кои имаат проблем со рбетно-скелетниот систем или со скршеници и тоа со препорака од доктор. Таа додава дека пливањето е препорачливо за многу здравствени проблеми бидејќи тука се вклучени сите мускули на телото. Задоволна е што Локалната самоуправа ја сваќа сериозноста на пливањето и им помага колку што може. Думбалова вели дека оваа година нема да се соочуваат со проблем од немање хлор за дезинфекција како што тоа беше случај минатата година бидејќи навреме е набавен.
Секое утро вработените го мерат хлорот во водата. Хлор има секогаш, но граѓаните некогаш мислат дека не е така поради појавата на алги во водата. Тоа се случува поради што местото каде се наоѓа базенот е изложено постојано на сонце па се јавува алга. Но од Заводот за здравствена заштита секојдневно го контролираат квалитетот на водата. Доколку таа не одговара на параметрите нема да ни дозволат да работиме, децидна е Думбалова.
Инаку базенот ќе биде отворен и за оние кои не се запишани во ниту една од пливачките школи, а оние пак кои ќе се запишат во Делфина 2012 за два месеци ќе треба да платата 1200ден, а доколку станува збор за две деца од исто семејство плаќаат само 1600ден за двајцата.
Думбалова посакува што побрзо да се реализара проектот за затворен пливачки базен и на голема врата да се вратат водените спортови во градов бидејќи веќе двасесет години се замрени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град