Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во Охрид

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден ја реализираше ектрадицијата на Б.П.(31) од Охрид осомничен за двојно убиство сторено на 21.08.2014 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
osomnicen

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден ја реализираше ектрадицијата на Б.П.(31) од Охрид осомничен за двојно убиство сторено на 21.08.2014 година.

Истиот беше преземен од албанските власти на граничниот премин “Ќафасан” од каде што беше спроведен во Истражниот затвор Скопје. Инаку по лицето Б.П. имаше распишано меѓународна потерница и истиот беше лишен од слобода на 12.02.2015 година во Албанија каде се до неговото спроведување во Р. Македонија бил во екстрадиционен притвор. Истиот се бараше бидејќи на 21.08.2014 година околу 23,00 часот во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот.

osomnicenПовредените Васил Р.(56) и Ромео Ѓ.(38) двајцата од Охрид, со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт. СВР Охрид истиот ден го лиши од слобода Р.С.(30) од Охрид кој заедно со Б.П. биле во угостителскиот објект и против двете лица беше поднесена кривична пријава остоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На летната тераса се случила кратка и жестока вербална расправија и турканица помеѓу Б.П. и Ромео Ѓ. во која Б.П. му нанел неколку удари со рака во пределот на лицето. Во еден момент, Б.П. извадил пиштол кој нелегално го поседувал и испукал еден куршум кон Ромео Ѓ. погодувајќи го во пределот на рамото. Тешко повредениот се обидел да избега кон рецепцијата на хотелот „Император“, но притоа бил погоден со уште два куршуми. Во близина на хотелската рецепција, Б.П. бил пресретнат од Васил Р. кон кого Б.П. испукал еден куршум погодувајќи го во пределот на градниот кош. Веднаш потоа, Б.П. истрчал кон летната тераса каде го чекал неговиот пријател Р.С. и со патничко моторно возило избегале од местото на настанот. На пресекот на улиците „7 ноември“ и „Васил Главинов“ Б.П. излегол од возилото и избегал.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top