Стружани полесно до институциите во општината

Стружани полесно до институциите во општината. Сите информаци околу постапките и процедурите од секторите кои отворено работат со граѓаните на едно место, во водичот за граѓаните, чекор по чекор низ постапките во општината.

 |  Николоска Биљана  | 

Чекор по чекор низ постапките во општината. Млдите активисти од Центарот на заедницата при општина Струга, подготвуваат водич за граѓаните. Станува збор за активност со која на граѓаните на дланка ќе им бидат сервирани сите информации околу процедурите и постапките кои се потребни да ги знаат за што подобро да се снајдат низ институциите на општината.

„Секој граѓанин ќе може да најде информации како да се обрати до општината, односно во секторите кои што имаат работа директно со граѓаните, кои се документите кои треба да ги достават, на пример во секторот за финансии, туризам урбанизам, значи ги имаме опфатено сите сектори за ко иможат граѓаните да се обратат до општината“ – вели Положани.

Како што нагласи Положани, целта на оваа активност е на граѓаните, но и на институциите е да им се олесни постапката во комуникацијата, за да се избегне она пракса еден по еден да се точкаат по канцалариите.  Со водичот граѓанинот точно ќе знае на која врата, треба да тропне, додава Положани.

„Кој се документите, кои се роковите за носење на некоја одлука, која е постапката за некоја жалба, кој донесува одлука на втор степен итн, исто така кои се уплатниците и таксите треба да ги платат заразлични процедури“ – појаснува Положани.

Во водичот ќе бидат застапени кратки но прецизни информации за граѓанинот. Исто така како што информираат од Центарот на заедницата, водичот ќе биде испечатен на два јазици, македонски и албански, а ќе биде распределен до сите граѓани со цел за нивно пошироко информирање. Досега граѓаните информациите ги добиваа на шалтер во општинската зграда но се создавале огромни гужви. Со водичот тоа во иднина ќе се намали, сметаат од активистите од овој Центар.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top