Струшките месни заедници во моментов се пасивни. Потребно е градење на капацитети, информации, насоки, обуки за да се вклучат во целосната работа на општината, сметаат од центарот на заедниците на општина Струга.
Месните заедници од општина Струга треба да се вклучат во носење на локалната политика, сметаат од Центарот на заедницата при општина Струга. Како што појасни координаторот Ѓоко Милески, веќе била спроведена обука на тема „Граѓанско учество и партиципативна демократија“, со што сакале месните заедници да ги поттикнат активно да работат и да се вклучат рамките и во процесите на општината.
„Имаме различни МЗ во општината, некои се активни и работат на терен, а на некои им треба малку поттик и во иднина да ја продлабочат нашата соработка, а и тука ја гледам и нашата помош веќе почнавме активности, почнавме со градење на нивните капацитети, со цел тие граѓански јадра да придонесат кон подобар развој на нивните места“
Постојат низа недостатоци кои треба да ги надминат Мезните Заедници во Струга, како би излегле од пасивната состојба во која се наоѓаат во моментов нагласува Милески.
„Потребно е градеење капацитети на МЗ, информации потребни им се насоки и обуки за што подобро да ги завршат своите активности. Тоа ни беше и една од главните цели како тие како МЗ можат да придонесат во работата на општината“
Од Центарот на заедниците на општина Струга велат дека добро е што поголем дел од МЗ покажале интерес за соработка. На подрачјето на општина Струга има 44 МЗ, односно секое населено место има своја заедница заедно со урбаните заедници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град