Струга има талентирани спортисти затоа надлежните треба да финансираат во оваа област, вели ракометарот Мојсоски.
Струга има талентирани спортисти затоа надлежните треба да финансираат во оваа област, вели ракометарот Мојсоски.
Стружанецот Наумче Мојсоски сеуште е под импресии од достигнувањето на светскотот ракометно првенство во Хрватска. Во овие 10-години откако тој игра ракомет, како најголеми успеси ги издвои е 11-етото место на светското првенство на репрезентативен план, додека на клубски, е учеството на европското финале, кое се одигра пред 6 години. Достигнувањата се голем успех, не само за мене туку и за градов но и државата, вели Мојсоски.
„Во машкиот ракомет има 5-6 репрезентативци од Струга, тоа е голем успех за овој град. Всушност ние претставуваме амбасодори на Струга и тоа не е мала работа“- вели ракометарот Наумче Мојсоски.
Навистина сум горд на Мојсоски но и другите ракометари, за кои би се согласил дека се амбасадори на Струга и Македонија, истакна првиот човек на градот.
„Со тоа што на натпреварите се вее знамето на државава и се извикува името на Македонија, тоа е гордост на сите а и за нашиот град Струга“-истакна градоначалникот Рамиз Мерко.
Постигнувањата на машката но и женската ракометна репрезентација покрај напорите на спортистите се должи и на финансиската поткепа од страна на владата, вели Мојсоски. Според него, и спортот во Струга се движат во позитивна насока. Локалната самоуправа не треба да ја прекинува паричната помош која ја вложува во спортот ,бидејќи на Струга тоа како и е неопходно, додава Мојсоски.
Според него, во последно време очигледно е дека владата покажува интерес со тоа што инвестира во спортот. Со успесите на машката и женската ракометна репрезентација, како и достигнувањата на поедини спортисти, Македонија во светот се гледа со други очи, истакна Мојсоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град