Струга една од трите општини каде се одржуваат едукативни работилници за подобра читачка култура. Тоа е добро прифатено кај младата струшка популација, бидејќи во тие катчиња децата се дружат, читаат и творат, а дружбата со книгата интересно ја доживуваат.
Струшката читалница на ЕВН место за средби, дружба со одбрана литература. Леа, Теа и Арба ги пренесоа своите искуства од едно вакво катче, убаво обоено во розева боја, соба каде спонтано се собираат се дружат, читаат, креираат а истовремено ги поттикнуваат и читачките навики.
„Научив повеќе за македонскиот јазик многу е интересно читаме лектири кои не се задолжителни, работиме во тимови и групи а некогаш самостојно од работилницата ми се допадна тоа што читаме лектири и учиме нови зборови. Проектот е за учењето на албански јазик, ми се допаѓа читањето на лектири и новите зборови кои ги научив. Исто така тимската работа е посебен дел на проектот и тука јас работам со искуство“ – велат учениците.
Работилниците во Струга функционираат веќе еден месец. Таму преку различни содржини, методологии, техники се поттикнуваат децата а воедно и се стимулираат да творат и читаат, велат од струшката едукативна работилница.
„Без читање творењето не е возможно и обратно. Она што како краен резултат од дружењето со книгата е творештвото. Имаме часови за креирање на корици за книга, имаме интермедијален пристап обработуваме книга, па потоа ја гледаме неа на филмско платно. Децата се многу заинтересирани за овој проект така да многу се среќни што оваа работилница е креирана точно за нив посебно што учат нови зборови и не е училиште да добиваат оценки можат слободно да се изразуваат и со задоволство доаѓаат тука.
Кампањата за подигнување на читачката култура кај младата популација ја креира и спроведува Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“, како продолжение на проектот на ЕВН Македонија за поддршка на македонската литература и творештво и развојот на читачките навики.
„Идејата за отварањето на вакви училници дојде од проектот „Создади книга“ каде што успеавме да издадеме 3 збирки раскази од 14 автори. Успехот на овој проект ни даде поттик, ветер во грб, да продолжиме понатаму и да го прошириме спектарот на активностите и да ги вклучиме што повеќе граѓани од најразлични возрсти“– нагласи портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески.
Едукативните работилници се реализираат во читалницата во ЦК „Браќа Миладиновци“, во Струга во соработка со Здружението Иницијатива за независен културен Активизам.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град