Кривична за стружанец кој „штанцал“ елаборати

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “Посебни случаи на фалсификување исправи“ и “Затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Т. (43) од Струга.

 |  Голабовски Крсте  | 

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “Посебни случаи на фалсификување исправи“ и “Затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Т. (43) од Струга.

Пријавениот, од март до ноември 2013 година, во својство на управител на правното лице „ГЕОПРЕМЕР ДООЕЛ увоз-извоз Струга“, спротивно на Законот за катастар на недвижности, го упoтребил службениот печат на фирмата и неовластено издал и потпишал девет геодетски елаборати за посебни намени.
Пријавениот неовластено го упoтребил службениот печат и во 2014 година, кога во име на фирмата неовластено издал уште три елаборати за посебни намени.

Паричните средства кои што тој ги наплатувал од странките за елаборатите не ги прикажувал и не ги внесувал во фимата, туку против правно ги присвојувал, со што ја оштетил фирмата за сума од 72.000,оо денари.
Пријавениот С.Т. тоа го сторил иако со решение од фебруари 2012 година од Агенцијата за катастар за недвижности, на фирмата ГEОПРЕМЕР и е одземена лиценцата за вршење на геодетски работи а тој лично не поседувал овластување за вршење на геодетски работи со што не бил овластен да ги потпишува геодетските елаборати.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top