Еврокомесарот Јоханес Хан доаѓа повторно во Скопје

Карл Билд – Време е за сериозна работа и резулуција за Македонија

 |  инфодеск  | 

Еврокомесарот Јоханес Хан од понеделник ќе има заедничка средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев, а по оваа средба ќе биде одржана и лидерската средба во вообичаениот формат – лидерската четворка со амбасадорите на САД и ЕУ.
Не се знае дали на оваа средба и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ќе испрати олеснувач, наместо како што претходно се очекуваше, Спцецијален претставник за Македонија на Европската унија. Портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска изјави за МИА, дека Високиот претставник Федерика Могерини и комесарот Хан се во „постојан контакт со земјите-членки и со другите меѓународни организации, и не постои предлог да се определи друго лице кое би се справило со ситуацијата во земјата“.
Од исходот на овие средби најверојатно ќе зависи дали кризата во земјава ќе се решава низ дијалог меѓу политичките партии или пак Европската унија ќе мора сепак да донесе одлука да именува специјален претставник.
За некакви сериозни чекори во решаваењто на политичката криза говори и поранешниот шведски премиер и добар познавач на Балканот Карл Билд, кој во неговата порака на Твитер напиша: „Сега е време да почнеме сериозна работа на стратегијата за превенција на конфликти и резолуција за Македонија.“
Загриженоста од развојот на настаните во Македонија изрази и Жан Аселборн, министерот за надворешни и европски работи на Луксембург, земја која наскоро ќе го преземе претседателството со ЕУ. Според него, најважниот проблем на Балканот е ситуацијата во нашата држава која не смее и натаму да трае.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top