Доцни доградбата на општинската зграда

Општинската администрација во новите простории ќе се сели наесен. Доцни доградбата на општинската зграда. Во прашање се помали технички зафати кои ќе бидат дозавршени во текот на летово.

 |  Јаковлева Лионела  | 
opstina

Доградбата на општинската зграда наместо на почетокот на летото како што беше најавено ќе биде дозавршена наесен. Темелите на новата зграда беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Во месец јануари повторно беа интензивирани градежните зафати за нејзино довршување. По распишаниот јавен повик одобрени беа четири компании кои работат на изградбата на инсталациите, на фасадата и ентериерот. Тоа се Метал електрик од Скопје, Кармен која е задолжена за молерајот на зградата, Бокоп ја поставува изолацијата и Али компани е задолжена за столаријата во зградата.

Работите малку доцнат поради технички причини. Но се надеваме дека до крајот на летото се ќе биде завршено. Сеуште се размислува кое решение за греењее ќе се одбере, а треба да се одлучи и околу опремувањето на зградата со мебел, вели портпаролот на ЛС Томе Џамтоски. општина

Досега општината за сите зафати околу изградбата на новата зграда има исплатено околу 13милиони денари. Предвидено е да има 24 канцеларии во кои  ќе биде сместена општинската администрација .

Со проширувањето на општинската зграда ќе се создадат услови за општинската администрација поефикасно да работи. Исто така, со овој зафат ќе се обезбеди и простор за потребите на разни здруженија, културно уметнички друштва и спортски клубови од градот кои имаат потреба од поддршка на Локалната самоуправа, вели Џамтоски

Според најавите оваа градба треба да ги задоволи и потребите на лицата со попреченост за полесен пристап до канцелариите на администрацијата. Кабинетот на градоначалникот останува во старата зграда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top