По повод денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, Адора инженеринг и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, донираа неколку примероци од книгата „Можеш и ти“ 60 години Ванчо Чифлиганец во охридската библиотека.
Донирани пет примероци од книгата „Можеш и ти“ од авторот Венко Андоновски на охридската библиотека „Григор Прличев“. Се работи за биографска книга за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, познат стопанственик и успешен бизнисмен, своевиден прирачник за деловниот успех за сите оние кои се на почетокот на својот професионален пат. Читајќи ја оваа биографија уште еднаш се потврдува дека со посветена работа, искрена желба и верба во себеси, успехот е неизбежен.
Ова биографско четиво е многу моќно и сугестивно особено за оние кои се на почеток на градењето на својата кариера. Книгата се оценува како биографија полна со енергија и страст на еден познат македонски бизнисмен и стопанственик кој живеел во различни историски периоди пропратени со безброј предизвици, вели Нина Кепеска, пи- ар во Адора инженеринг.
Оваа моќно четиво кое сега им е достапно и на охриѓани ќе ги поттикне младите и амбициозни луѓе да не се откажуваат од своите соништа, туку храбро да се стремат во остварување на своите цели, вели Тоде Илиевски од НУ билиотека „Григор Прличев“.
Од денес читателите во охридската библиотека имаат можност да прочитаат едно исклучително дело од еден познат и признат македонски автор напишано за еден исклучителен човек, стопанственик, бизнисмен, донатор и голем пријател на Охрид, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, вели Тоде Илиевски од НУ билиотека „Григор Прличев“.
Книгата е донирана и во Националната и Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје, како и библиотеките во Радовиш, Штип и Пробиштип. Книгата може да се набави по промотивна цена од 900 денари, во книжарниците Култура и он- лајн на „Купи книга“. Сите приходи од продажбата одат за хумани цели во фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град