Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува одржувањето на вториот по ред Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“.
Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува одржувањето на вториот по ред Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“.
Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на младите во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги стекнат и негуваат вештините на актерството. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во подигнување на театарската култура, не само кај младите, туку и кај останатите граѓани, а воедно претставува и почеток на културното лето во Охрид.
На овој четиридневен младински театарски фестивал, својот актерски талент, низ 5 театарски претстави ќе го прикажат преку 50 талентирани млади актери-аматери од организациите на Црвен крст од Охрид, Битола, Крагујевац-Србија, и Требиње-Босна што воедно ќе отвори можност за сплотување на актерите-аматери од градот и соседните држави, соработка, размена на искуства и стекнување нови пријателства.
Вториот Аматерски Младински Театарски Фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира во Охрид, во периодот од 25 до 28 мај 2015 година.
Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 25.05.2015 (понеделник) во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 20:30 ч. со прикажување на претставата „Деспина ќе ја грабиме…никој да не знае“ во изведба на театарската група на Црвен крст Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град