Германија побара темелна истрага за инцидентот во Куманово

Штајнмаер – “Да се спречат натамошни инциденти од ваков вид”

 |  инфодеск  | 

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја повика владата на Република Македонија да изврши темелна и транспарентна истрага за настаните при операцијата на полициските сили во Куманово и изрази надеж дека тоа нема да биде почеток на ескалација на немири.

„Инцидентот во Куманово предизвика стравувања во Европа. Се надевам дека она што го видовме не е почеток на ескалација, дека властите во Македонија ќе вложат напори, во прв ред, за да спроведат темелна и транспарентна истрага за сите околности и, второ, за да спречат натамошни инциденти од ваков вид“, изјави шефот на германската дипломатија  Штајнамер на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Дитмир Бушати.

„Се надевам дека ситуацијата во Македонија ќе биде решена. Се надевам дека Македонија ќе искаже силна волја да се движи кон Европската унија, и не се сомневам во нејзиниот избор на тој пат“, заклучи Штајнамер

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top