До крајот на јуни регулаторната комисија за енергетика ќе соопшти нова цена на струјата
До крајот на јуни регулаторната комисија за енергетика треба да ја соопшти новата цена на струјата, а енергетските компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН веќе ги доставиле пресметките за трошоците до регулаторната комисија.
Трите енергетски компании покажале зголемени трошоци и многу е веројатно дека од август месец граѓаните ќе добијат зголемена цена за киловат/час.
Имено, минатата година цената на електричната енергија се зголеми за 3,5%, а голема е веројатноста да има повторно поскапување на електричната енергија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град