Општина по мерка на граѓаните

Стружани сакаат враќање на затворениот базен, обнова на дрвениот мост на љубовта, дислокација на неколку паркинзи кои се во катастрофална состојба, обнова на старата училишна зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ и многу други работи со цел да се подобри општинското живеење. Центарот на заедницата се обидува нивните забелешки да ги пренесе до надлежната локална власт како би се пронашло решение за нивно надминување.

 |  Николоска Биљана  | 

„Општина по мерка на граѓаните“ е проект преку кој стружани полесно го наоѓаат патот до институциите. Овој проект го реализира Центарот на зедницата при општина Струга кој што центар претставува линк помеѓу граѓаните и општината, како што кажа Катерина Талеска координатор во Центарот. Таа потенцира дека изминатиов период работеле анкета, на која што нивните сограѓани се изјасниле што и е потребно на Струга и што би и и подариле на општината. Анкетатa се спровела на 100 испитаници од кои 60% биле албанци, а останатите македонци, и биле посетени неколку локации во Струга претежно струшките кафетерии

„Нашите граѓани се многу креативни и кажаа дека сакаат да видат семафори,  нов мост, сакаат да се тргне паркингот на плоштадот и многу други работи за кои што беше известен градоначалникот и гледаме дека нешто почна да се придвижува во нашиот град и се надеваме дека овие случувања ќе бидат отстранети и дека Струга ќе почне да се развива во нормална насока и градот да се модернизира“- вели Талеска.

Со цел поголема транспарентност на општина Струга во повеќе сектори, од центарот во неколку наврати организирале и отворени денови со граѓаните. Таму како што истакна Флака Положани коордиатор на Центарот, граѓаните имале можност директно на надлежните да им се обратат со прашања кои ги тиштат од секојдневното живеење. Досега имале отворени денови со раководителот на урбанизам бидејќи за овој сектор стружани биле најзаинтересирани, како и со раководителот за комунални дејности.

„До каде се нивните дозволи за градби или со урбанистичкиот план проблеми, нивната куќа не била добро предвидена како на пример не постоел влез и слични такви конфликти, исто така се постави прашањето во делот на горниот дел од пазарот кој е заостанат и прашаа кога општината има намера да го посети тој дел и да преземе нешто околу негова модернизација“ – нагласува Положани.

Во моментов најважен дел од работата на Центарот за заедниците се јавните расправи по однос на акциските планови од стратегиите на општина Струга од сферата на социјала, образование, соработка со граѓански сектор и млади, како што изјави Ѓоко Милески од овој центар. Тој ги покани сите стружани со свои предлози и забелешки директно да учествуваат во носењето на одлуки на локално ниво а ова е една таква можност, додава Милески.

„Стратегиите беа донесени од страна на Советот на општина Струга, месец февруар годинава. Тоа помина низ еден партиципативен процес со вклучување на граѓаните во тој процес и нивно учество во јавните расправи каде се донесоа тие документи сега, ова е втор фаза заначи се носат акциски планови за стратегиите. Јавниите расправи ќе се одржат на 21 и 22 овој месец во хотел Дрим и би сакал да ги поканам стружани, институциите, граѓанските здруженија неформалните групи да дадат придонес и активно да учествуваат во креирањето на овие 4 многу важни документи за општина Струга“– појаснува Милески.

Канцеларијата на Центарот на заедниците, секојдневно ја посетуваат најмалку по десеттина граѓани кои доаѓаат со идеи, проблеми, сугестии со цел да се подобри општинското живеење и креирање на политиките во општинaта, велат координаторите на центарот. Тие очекуваат продлабочивање на соработката со општината, бидејќи во последно време и месните заедниците пројавиле гоелем интерес за дебати за проблемите со кои се соочуваат.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top