Известувачот на Европскиот парламент изјави за случувањата во Куманово е потребна темелна истрага
Во интервју за неделникот “Данас” известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, рекол дека не би сакал да ги коментира изјавите кои се однесуваат на случувањата во Куманово и дека тие треба одговорно да се проучат и да се даде заклучок во однос на тие прашања.
„Состојбата е доста сложена и односите на тамошните политички сили, нивните програми, нивните намери не се јасни, доколку човек ги поглед од далеку“, рекол Вајгл и додал дека за Македонија „се знае она што беше соопштено од извештајот на Европската комисија за напредокот и врз осносва на тие податоци во Европарламентот беше усвоена резолуцијата минатиот март, чија битна суштинска порака е поддршката за македонскиот пат во евроинтеграциите, особено кон ЕУ, но и НАТО.
„Познавајќи ги моменталните работи ние ја нагласивме и потребата од продуктивен и одговорен дијалог од најголемите политички партии, со цел политичката криза да се надмине. А нагласивме и дека сите обвинувања кои беа помеѓу претставниците на двете најголеми партии, една владејачка и една опозициска, треба да се проучат на објективен начин, на непристрасен начин и доколку се покаже дека тие обвинувања се засновани на факти, одговорните треба да сносат и последици“, изјавил Вајгл.
На прашањето дали смета дека случувањата во Куманово се инцидент или појава на која треба да и посвети повеќе внимание регионално, тој одговорил дека треба да им се посвети посебно внимание на таквите случувања.
„Меѓутоа, случувањата се уште не се расчистени и расветлени од сите страни. Се уште се јавуваат разни хипотези околу тоа зошто и како дојде до ова. Потребно да се изврши една темелна истрага, а на тоа обврзуваат и жртвите од тие настани“, рекол словенечкиот европарламентарец.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град