Струшки АД „Илинден“ ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица

АД „Илинден“ земјиштето го купи за износ од 12 милиони 907 илјади и 100 денари, а домот треба да го изгради во рок од четири години по добивањето на одобрението за градба.

 |  Мишел Наумоски  | 
dom za stari parcela

Градежната компанија АД „Илинден“ од Струга ќе го гради долгоочекуваниот дом за стари лица. Оваа струшка компанија беше единствен понудувач на денешната електронска аукција на која се продаде градежната парцела за изградата на домот за стари лица. Почетната цена на парцелата изнесуваше 1393 денари за метар квадратен, а последната достигната цена изнесуваше 1532 денари за метар квадратен. АД „Илинден“ за оттуѓување на градежната парцела во вкупна површина од 8425 метри квадратни ќе плати вкупно 12 милиони 907 илјади и 100 денари.  

dom za stariДомот за стари лица кој ќе биде изграден на оваа парцела ќе зафаќа вкупна површина од 6299 метри квадратни и ќе има шест ката, односно П+4+ поткровје или максимална дозволена висина до венец од 17 и пол метри. Со договорот купувачот се обврзува во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Изградбата на Домот за стари лица, слично како и автобуската станица, затворениот пазар, катната гаража и затворениот базен е еден од најочекуваните инфраструктурни објекти и од особено значење за постарите охриѓани.

Одлуката за изградба на Домот за стари лица по пат на отуѓување на градежно земјиште ја донесе мнозинството во градскиот совет на седница одржана во октомври минатата година. На ист начин општината ќе гради уште два капитални објекти, автобуската станица и катната гаража.

Инаку, советниците од опозицијата тогаш нагласија дека не се против изградба на овие капитални проекти кои се од суштинско значење за градот, туку на начинот на кој тоа се прави, односно со продажба на земјиштето и изрази сомнеж дали на нив приватникот ќе ги изгради предвидените објекти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top