31-та бомба на опозициската СДСМ со интересни детали за охридската јавност

Разговорот помеѓу Никола Тодоров и Гордана Јанкуловска интересен за охридската јавност

 |  инфодеск  | 

31ва бомба на опозициската СДСМ. Во денешните разговори, меѓу другото, она што е најинтересно за охридската јавност беше разговорот помеѓу министерот за здравство Никола Тодоров и министерката Јанкуловска во врска со реконструкцијата на дел од Охридската болница, за што, во најавата Заев вели дека претходниот министер Бујар Османи бадијала потрошил дури 400.000 евра. 

Аудио разговорот е на следниот линк 

Транскрипти од разговорот: 

НТ: Е така истиот е ама не е истиот знаеш хахах е тоа е поентата сеа имам ситуација во Охрид многу сериозна, веројатно и гледаш по телевизии…

ГЈ: Да, да, да па јас мислев за тоа ќе збориш некни…

НТ: Објектот е напраен руина и сега мислам дека ќе, објектот ќе не може да се санира…до таму е доведена ситуацијата, јас излеа ќе треба да го срушам…сеа зборев со ИЗИС, ИЗИС беа на лице место у понеделник ќе идат пак и ќе ми дадат дефинитивно дали треба да се руши или може да се санира по се изгледа дека ќе треба да се руши а јас таму имам 400 илјади евра платено за да дојдам до оваа ситуација…
ГЈ: Лелеее…
НТ: Тие 400..мислам пак коа ти зборам ја зборам министерство…
ГЈ: Да де да…те разбирам..
НТ: Да и тоа ти е 400 илјади евра во…
ГЈ: …во бунар
НТ: Во бунар а ти знаеш тие за 100 илјади евра два саати на Влада расправаат
ГЈ: Ние не за 100 илјади евра за 100 илјади денари очи си вадиме…
НТ: Е тоа е поентата и сеа имам сериозна ситуација и ми треба од кај тебе да ми даеш еден тим, ја веќе имам тука прилично луѓе коишто можат да им помогнат од аспект на тоа што е, од стручен аспект, што е најдено значи…да им даеме документација да си се тера цела работа…
ГЈ: Е па ај вака ќе напраиме, ја да ти кажам ми текна, ги глчеам белешкиве шо ми се од Влада…
НТ: Мхм…
ГЈ: Ама ај викам некако тогаш и така беше дискусијата демек ај…
НТ: Не бе тогаш тоа го кажав за да ја извадам работата…немаше да го кажам
ГЈ: … напрај ај ваму напрај, викам ај да не дигам тензија пошо знам овие како реагираат си премолчив викам па се запнеме ќе пуштам луѓе и таму и ваму ама да ти кажам иницијално не мислев да пуштам ама шом е ваква работава…
НТ: Многу сериозна
ГЈ: Ај понеделнички, дека сеа заминати си се…ќе ги организирам моите и ќе ти кажам да речеме да видам ако е Драги Златанов ќе ти се јавам Нино Драги доаѓа он е главен нормално зависно од тоа шо ќе најдат и други луѓе ќе си уклучат. Драги ми е иначе началник на економски во СВР Скопје, само најверојатно ваму како што кажувашнема само на Скопје да се ограничи ама не е битно…

4. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров

ГЈ: Ало
НТ: Се исклучи нешто бе…
ГЈ: Нешто се исклучи… значи идејата ми е некој да види и после ќе напраиме екипа ќе си го работи предметот
НТ: Пошто овдека ќе има сеа на пример тие сеа во Охрид се бунат 8 месеци застој ќе има, не 8 2 ипол години ќе биде застојот ако ја срушиме а мора да ја срушиме пошто болница е не можеш ти..да ти падне…
ГЈ: Да бе да… ако си открил такви аномалии не можеш да се праиш дека не знаеш
НТ: И тоа не ја ИЗИС а поврвна институција од ИЗИС нема
ГЈ: …ИЗИС нешто ако се деси ќе рече јас му кажав, не превзеде ништо
НТ: Така е…
ГЈ: Нишо понеделнички јас ќе ги организирам моиве и ќе договориме…
НТ: Организирај ги и само пушти ми порака…
ГЈ: Ќе се издоговориме да и после ќе видиме зависно од тоа колку документи шо документи има ќе ја тераме работава…
НТ: Зашо тука има дело како да ти кажам и од аспект на процедура и од аспект на терен реални оние забрљотини што ги праеле намерно на пример шо ти кажувам изведена работа уствари не е изведена…
ГЈ: Да де да
НТ: Значи има и во документацијата проблем ама имаме и реално на терен проблем, значи требаат два типа на истрага…
ГЈ: Е па затоа викам, нашиве ќе видат што е па после ќе процениме кои све луѓе да се вклучат…
НТ: Е така, оокеј Горде па се слушаме
ГЈ: Важи Нино ајде поздрав чао

Она што беше презентирано во разговорите на таканаречената 31ва бомба на опозицијата, делумно се совпаѓа со случувањата на терен и известувањата на медиумите за реконструкцијата на дел од охридската болница, во периодот септември 2010 – април 2013 година. Покрај пролонгирањето на предвидениот период за реконструкција, сведоци бевме и на промена на изведувачот на зафатите, извештајот од ИЗИС за нестручно изведени градежни работи од областа на статиката, како и зголемување на вкупните финасиски средства за реконструкцијата, од првично предвидените 4,2 милиони евра, до финалните 7 милиони евра.

На денешната пресс конференција, на новинарско прашање дали СДСМ ќе се врати во Собранието и ќе учествува во работата на анкетната комисија, Зоран Заев изјави дека неговата партија ќе се врати само по оставка на премиерот. Само со негово заминување може да се вратат работите во нормала” изјави Заев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top