Протестите пред владата продолжуваат денес

Целта на денешниот протест во 18 часот е да се оддаде почит на оние кои трагично ги изгубија животите во Куманово

 |  инфодеск  | 

„Ги охрабруваме граѓаните да постапат во моментот на жалост соодветно на своите традиции. Поради тоа што е ден на жалост, апелираме за мирно и достоинствено собирање“, се вели во пораката на Facebook  од страна на здружението “Протестирам”
„Ние веќе не чувствуваме страв, туку само гадење од авторитарната власт и нивните мрачни сценарија! Ние бараме мир и правда, а тоа може да се случи само ако тие си заминат! Веднаш!“, велат од здружението.
„На 11-ти мај 2015, на вториот ден на жалост поради настраданите во Куманово, во 18 часот, ние ќе се упатиме кон зградата на Владата на Македонија со порака за мир и правда. Ќе изразиме сочуство за загинатите и ќе ги повториме нашите барања. На улица ќе бидеме секој ден, до конечна победа. Нашиот гнев и револт тлее и се таложи со години наназад. Ние сме на браникот против секоја неправда – без оглед дали тоа е системската бруталност, лошите реформи во високото и средното образование, или државниот рекет врз хонорарците. Протестиравме и за слободата на печатот, во поддршка на медиумските работници, и побаравме ослободување на јавниот сервис и негово враќање на граѓаните. Баравме одговорност за уништениот систем на јавно здравство. Континуирано се бориме за достоинствен живот и работнички права и протестираме против грабежот, сиромаштијата и понижувањето на народот!“, додаваат од здружението.
Тие сметаат дека пред три дена, кога граѓанските протести земаа замав и се проширија низ повеќе градови во државата, во Куманово се случи вооружен инцидент. Граѓаните што ги следат настаните, меѓу нив и жители на Куманово зборуваат за контрадикторности, недоследности и манипулации и според кои постои голем сомнеж за природата на настаните во Куманово. Во официјалната верзија за вооружениот инцидент граѓанскиот сектор увиде големи пропусти при што бараме да се одговори на мноштвото прашања кои ги бараат сите гласови во општеството поради загубата на животи и загрозување на општата безбедност, додаваат од „Протестирам“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top