Денеска во Диво насеље во Куманово, каде викендов се одвиваше полициска акција, е мирно. Улиците се преполни со луѓе.
Од борбените дејства во Диво насеље во Куманово оштетени се околу 30 куќи. Тие што не можат да се вратат во своите домови, ќе се сместат кај свои роднини. Жителите велат дека претходно не можеле да се забележат никакви движења на вооружени луѓе. Имало зголемено полициско обезбедување, за кое мештаните протолкувале дека е поради протестите. И понатаму остануваат отворени прашањата кои се напаѓачите во Куманово, која им била целта, како се инфилтрирале во густа населба и многу други, нотираат познавачите.
Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов денес оствари средба со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ, Р. Турција и претставникот на НАТО во Република Македонија. Иванов ги информирал соговорниците за вчерашната седница на Советот за безбедност, при што беа разменети информации и мислења за последните случувања во Куманово и безбедносната состојба во Република Македонија. Тој посочи дека се дадени конкретни насоки за соодветно постапување на сите институции на безбедносниот систем, со цел да се спречи евентуално ескалирање на тензиите и дестабилизација на државата, информираат од кабинетот на претседателот. Тој од претставниците и амбасадорите уште еднаш побара поддршка одмеѓународната заедница во интерес на стабилноста на Република Македонија, како и стабилноста и безбедноста на целиот регион и побара максимални напори со цел деблокада на евроатланските интеграции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град