Градинката „Јасна Ристеска“ во континуитет ќе работи и во летниот период. Интересот за згрижување на децата во оваа предучилишна установа е голем и во лето поради тоа што Охрид е туристички центар, вели директорката Розе Костоска. Посебно интерес има за запишување во јаслените групи.
Во градинката „Јасна Ристеска“ се бара место повеќе. Посебно интерес има за запишување на дечиња во јаслените групи. Моментално има седум во кои се згрижуваат по дваесет и пет деца на возраст до две години. Директорката на градинката Розе Костеска вели дека има потреба за уште една паралелка. Таа додава дека поради специфичноста на Охрид како туристички центар, интересот за згрижување на деца во градинката и во летниот период е голем. Кај нас не е случај како во другите градови на државава на лето градинката да има помал обем на работа, објаснува Костеска.
Имаме упис на дечиња кои доаѓаат од другите градови на државава кои имаат баби и дедовци тука и кои во Охрид ги поминуваат летните месеци. Тие најчесто доаѓаат кај нас со превземање од некоја друга градинка каде биле запишани. Најчесто се од Скопје, кажува Костеска.
Директорката на градинката вели дека во текот на цело лето оваа предучилишна установа ќе биде отворена, а не како што е во некои други градови случај каде објектите обично во месец јули се затвараат и персоналот оди на колективен одмор.
Кај нас тоа не е случај. Работиме и во јули и во август со тоа што персоналот на годишен одмор ќе оди во две групи. Едната ќе користи одмор во јули, а другата во август, кажува директорката.
Костеска рече дека летниот период ќе се искористи и за реновирање на објектите. Планирано е во сите од нив целосно да биде заменета дограмата, да се изврши молерисување, ќе бидат уредени дворните површини и ќе бидат превземени некои други поситни зафати со цел од септември дечињата новата година да ја започнат во едни поубави услови за работа и за игра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град