Во Охрид одбележан денот на Европа

Денот на Европа со песна и игра и низа други активности одбележан во Охрид. На свеченоста беа присутни Амбасадорот на Словенија во Република Македонија Бранко Раковец и претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњаноска.

 |  Јаковлева Лионела  | 
den na eu

Во Охрид одбележан денот на Европа.  На малиот градски плоштад во боите на Европската унија најмладите од детските градинки со својот настап, со игра и песна на присутните им го разубавија денот. И основните училишта од Охрид го одбележаа Денот на Европа на организирани штандови  на кои секое училиште преку уметничко изразување  ги презентираа културите на земјите членки на ЕУ: Словенија, Хрватска, Шпанија, Португалија, Латвија и Литванија.

На свеченоста беа присутни претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњаноска, и Амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец . Коњаноска при своето обраќање пред присутните изрази надеж дека со истрајна работа во спроведување на реформите и брз почеток на пристапните преговори , наскоро на плоштадот во Охрид ќе се прослави и приемот на Република Македонија во Европската унија .

Ние сме се чуствувале и се чуствуваме како дел од Европа . Постојано и посветено работиме на решавање на нашите актуелни проблеми , ги спроведуваме реформите и ги вградуваме европските стандарди. Тоа ни дава право да реагираме , кога како клучен услов за влез во Европската унија , дел од нашите соседи бараат решавање на некои билатерални , пред се ирационални прашања , со што свесно го кочат процесот на нашите евроинтеграции, рече Коњаноска.den na eu

Честитајќи го Денот на Европа, амбасадорот Раковец истакна дека во 2004 се случи најголемото проширување на ЕУ што е важен чекор за реализирање на идејата на обединета Европа, со што се закрепнува поврзувањето на земјите. Словенечкиот амбасадор со свое мислење околу актуелните случувања во државава и колку истите ќе влијаат во понатамошната интеграција на Македонија во ЕУ.

Сите знаеме дека се работи за една сериозна политичка криза и се надеваме дека ќе се разреши на најдобар начин и дека нема да има големо влијание на одлуката за интееграција на Македонија во ЕУ, рече Раковец.

Инаку,  на 9 Мај, 1950 година, Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот на овој континент. Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што денеска го знаеме како Европска унија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top