Од септември ќе се отвори истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани. Оваа паралелка требаше да биде формирамна уште зимава, но работите се пролонгираа поради немање финансиски средства. Секторот за ТЛЕР аплицирал до бугарскиот конзулат за добивање пари за доизрадба на објектот во кој ќе работи оваа паралелка.
Закочија работите околу отварањето на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани која требаше да профункционира уште зимава. Парите кои беа добиени од УНИЦЕФ за оваа намена не се доволни, објаснува директорката на градинката, Роза Костеска. Објаснува дека поголемиот дел од нив биле инвестирани за отварање на паралелката во населбата Радојца Ниовичиќ. Но и Пештани ќе ја добие ветената паралелка, вели директорката.
Преку ТЛЕР аплициравме до бугарскиот конзулат. Доставен е проектот и целокупната документација. Се надеваме дека набрзо ќе ни одговорат позитивно. До наесен би требало да се отвори и новата група во Пештани, вели директорката.
За дозавршувањето на зафатите околу паралелката во Пештани потребни се уште 12 000 евра. Седум илјади се побарани од бугарскиот конзулат, а пет илјади градинката ќе ги обезбеди од сопствени средства и донации од општествено одговорни фирми. Отварањето на ваквите истурени паралелки во Велгошти, Лескоец и Радојца Новичиќ се покажа повеќе од оправдано, кажува Костеска. Има огромен интерес за згрижување на децата токму во овие објекти, додава таа.
Нормативите за тие групи предвидуваат во нив да има од 18 до 20 деца. Но кај нас има по триесеттина. Веќе треба да се размислува за проширување на групите. Најдобро би било да се поделат на две и тоа со деца од две до четири години и со деца од четири до шест години, вели Костеска.
Директорката кажува дека во тој случај ќе треба да се размислува за нови вработувања што пак е горлив проблем за градинката. Кубурат со кадар, но директорката е оптимист дека и овој проблем ќе биде надминат. Таа информира дека во текот на овој месец четириесет вработени кои беа ангажирани преку Агенцијата за вработување или беа со договор на дело ќе им се реши статусот и ќе добијат договор за работа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град