Грчки студент учи на охридскиот факултет за туризам и угостителство. Овоаа високообразовна институција години наназад има богата меѓународна соработка со останатите европски универзитети и ја имплементира програмата за размена на студенти и професори.
Грчки студенти на Факултетот за туризам и угостителство си ги прошируваат знаењата во оваа област. Хипократ Каракашоглу веќе втор семестар слуша настава на охридскиот факултет. Тој пристигнал тука преку програмата мобилност на студенти. Тој се одлучил да студира во Македонија пред се од лични причини бидејќи корените на неговото семејство биле од вардарскиот дел на Македонија. Никогаш претходно не бил во Охрид, а слушал за неговите убавини и туристички потенцијал.
Очекував многу, но открив и повеќе од очекуваното. Навистина. Сите туристи кои доаѓаат овде, доаѓаат со резерва но потоа се воодушевени. Она што најмногу им се допаѓа се луѓето, храната езерото, музеите и многу други нешта. Странските туристи за жал не знаат дека квалитетот на услугите и односот на домаќините кон туристите во услугата е навистина на многу високо ниво, дури и на повисоко ниво одколку развиените туристички земји како Италија, Грција. Да знаат што овде може да доживеат, ќе доаѓаат одсекаде во Европа, вели Каракашоглу.
ФТУ години наназад има богата меѓународна соработка со останатите европски универзитети, вели продеканот Др. Цветко Андреески. Објаснува дека и претходно имале странски студенти кои доаѓале на ФТУ, но и нивни кои студирале на европските универзитети. Тој додава дека преку програмата мобилност оваа година има четири професори кои аплицирале и добиле гранд за мобилност, а тројца студенти се во постапка. Од година во година бројот на апликациите се зголемува, вели продеканот.
Идејата е да има движење на студенти и професори и да има размена на искуства од други образовни институции. Да се види како таму се одржува настава, како се организираат испитите и тие искуства да се пренесат кај нас за да имаме еден нов пристап кон образованието, вели Др. Цветко Андреески.
Андреески објаснува дека предавањата најчесто се на англиски јазик и траат од еден до два семестри. Очекуват од наредната година да се зголеми бројот на странски студенти кои ќе дојдат на ФТУ, а и на наши кои ќе посетат некој од европските универзитети.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град