Светскиот ден на планетата земја во Охрид се одбележа со ставање акцент на заштитата и зачувувањето на водите на Охридското Езеро. Целта на овој денешен хепенинг беше макар и микронски да се подигне свеста на охриѓани за заштита на езерото, но и на останатите природни убавини со кои градов располага во изобилство.
Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид. Акцентот на денешниот хепенинг кој се одржа на градскио плоштад Св. Климент Охридски се стави на подигње на еколошката свест кај граѓаните, пред се за заштита и зачувување на водите на Охридското Езеро. Охриѓанецот Славчо Христов кој работи како професор во Националниот институт за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје нагласи дека охридскиот регион изобилува со исклучителни природни вредности. Тој потсети дека во 1979 година Охридското Езеро е прогласено за светско природно наследство на УНЕСКО токму заради природните вредности што ги поседува, за следната година да бидат вклопени и културните и историските вредности. „Навистина ме чуди, во 21 век да се појавуваат иницијативи кои сакаат да ги доуништат на непримерен начин оние природни богатства кои реално малку останале како сведоштва“, рече професорот Христов.
Ништо не може да го замени уништеното природно богатство. Никакви модерни плажи со бетонски палми, ниту школки донесени од морињата, ниту пак модерни марини кои ќе служат само за одреден круг на луѓе, рече Христов.
Организатор на денешниот настане е Здружението за унапредување на меѓусебна доверба „ТАКТ“. Енис Хилми, член на ова здружение рече дека привилегија е да се живее на брегот на Охридското Езеро. Таа додаде дека целта на овој денешен хепенинг била макар и микронски да се подигне свеста на охриѓани, затоа што природата памети и враќа.
Познатата македонска алпинистка Илина Арсова апелира на поголема заштита на Охридското Езеро кое, како што рече е препознатливо во целиот свет. Арсова рече дека се надева дека надлежните ги сфаќаат критиките на екологистите.
Но некогаш кога има некои бизнис интереси коишто се вмешани во екологијата, тогаш тоа е тешка борба. Во врска со Охридското Езеро како природно наследство целата наука и сите научни аргументи одат на зачувување на ова богатство. Ако светот го препознава како природно наследство тогаш ние треба се да направиме за да го заштитиме, рече Арсова.
Арсова кажа дека во нашиот едукативен систем е изоставена наставата за подигнување и за едуцурање на младите уште од мали нозе што е екологија и како треба да се третира и респектира животната средина во која живееме. Таа додаде дека се е оставено на свеста и совеста на граѓаните.
Роденденот на Планетата земја се одбележа со музички хепенинг, одбрана поезија, со работилници за јога, со сликарски перформанс, рециклирачко уметничка и фото-работилница, како и со модератори кои потсетуваат на научните податоци и факти за езерото. Свој настап имаа познати музички групи од градов и од државава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град