ДУИ треба да излезе од владата, со што ќе се отвори можност за формирање техничка влада. А аферата со прислушкување да се искористи да се декриминализира политиката, за никогаш повеќе да не ни се повтори ова што се случува, изјави струшкиот градоначалник и претседател на ДПА, Зијадин Села. Тој додава дека граѓаните не сакаат етнички тензии и доколку дојде до конфликт тој ќе биде намерно предизвикан од политиката.
За да се стави крај на политичката криза во земјава потребно е ДУИ да излезе од владата. Ова денеска го изјави градоначалникот на Струга и претседател на ДПА, Зијадин Села.
„Мислам дека ДУИ треба да излезе од владата, со тоа ќе се најде и политичко решение, спокојство кај граѓаните и стабилизација на ситуацијата во Македонија. Ако ДУИ излезе од Валда се знае дека ќе има техничка влада, нели за тоа цело време се зборува и треба да се најде некое решение“ – вели Села.
Според него скандалот со прислушкувањето лошо се одразува врз државата и животот на граѓаните без разлика на нивната етничка припадност. Села смета дека излез од кризата може да се постигне само преку Собранието на Р. Македонија односно преку формирање на техничка Влада, а аферата со прислушкувањето да се искористи за декриминализирање на политиката, со цел во иднина никогаш повеќе да не се случуваат такви работи. Села упати критика до Зaeв.
„Досадно ни е да ја слушаме цели два месеци Гордана Јанкуловска, треба да се слуша и нешто друго. Фактот што нема досега прислушкувања кај албанскиот политички фактор, тоа дава лош знак дека Зоран Заев сака во иднина политички да дејствува како што Груевски дејствува со албанскиот коалиционен партнер. Јас и како пратеник сум кажал дека проблемот во државава е со политичарите нарочно кај албанците кои седат во фиоката на некој, значи тоа е уцена“ – изјави Села.
Струшкиот градоначалник смета дека граѓаните не сакаат меѓуетнички тензии и конфликт и доколку се случи нешто такво виновна ќе биде политиката.
„Секоја евентуална дестабилизација од етнички аспект повеќе од јасно е дека ќе биде од политиката за да еден друг момент да го прикрие скандалот со прислушкувањето“– категоричен градоначалникот.
Села смета дека предвремени избори не се во интерес на единиците на Локална Самоуправа затоа што практиката од 2008 година да се има избори на секои 2 години доведува до застој во работата на институциите. Актуелната политичка криза во земјава и соработката меѓу Македонија и Албанија за искористување на ИПА фондовите беа тема на разговор на денешната средба помеѓу Зијадин Села и Евроамбасадорот Аиво Орав. Евроамбасадорот по средбата со Села не даеде изјава за медиумите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град