„Комуналец“ со отчет пред граѓаните

„Комуналец“ со отчет пред граѓаните. Директорката Елена Скрческа рече дека во голема мера ја подобриле финанасиската состојба на претпријатието, а паралелно со тоа течат и секојдневните работи како подигање на отпад, одржување на градското зеленило. Во исчекување се на новиот возен парк со што ќе се подобри и олесни работата на претпријатието.

 |  Јаковлева Лионела  | 
елена скрческа
elena skrceska

Претпријатие потонато во долгови, кредити, камати и стар возен парк, тоа беше сликата на ЈП „Охридски Комуналец“ од пред две години, рече директорката на претпријатието, Елена Скрческа која на денешната прес конференција даде отчет за сработеното во текот на нејзиниот двегодишен мандат. Таа потенцира дека требало многу труд и работа  за претпријатието повторно да застане на здрави нозе.komunalec

Во текот на овие две години значително се подобрени перформансите во сите аспекти од работењето на претпријатието. Подобрена е профитабилноста – искажана преку добивката во 2013 година – 797.000 денари и во 2014 година – 955.000 денари; намалена е задолженоста на претпријатието, исплатени се обврски кон добавувачите во износ од 79.765.126 денари, како и обврски по извршни судски решенија во износ од 11.763.150 денари. Континуирано се врши редовно и навремено подмирување на сите доспеани обврски што влијаеше да се врати довербата кај нашите добавувачи и значително да се намалат трошоците за затезни камати и извршни судски решенија, рече Скрческа.

Голема енергија се вложува и на намалувањето на непродуктивните трошоци како што се репрезентација, телефонски услуги, реклама и пропаганда, велии директорката на „Комуналец“. Скрческа вели дека паралелно со тоа се води сметка и за тековните работи. Во изминатиот период е зголемен физичкиот обем на подигање на смет. Во сите села наместо еднаш во неделата отпадот се подига два пати, а во центарот на градот во летниот период и во сите продолжени викенди, наместо два пати, се подига три пати во денот.депонија

Во текот на 2013 година поставивме 100 плехани контејнери а во 2014 година поставивме 200 пластични контејнери со цел хигиената да е на повисоко ниво. Со помош на Локалната самоуправа преку Светска Банка и Министерството за финансии ќе се набават пет нови возила за подигање на смет и одржување на јавната хигиена, рече Скрческа.

Скрческа кажа дека во соработка со Центарот за југозападниот плански регион добиени се 75 канти за ситен отпад и една балирка за хартија и пластика. Преку проектот за меѓународна соработка со Албанија пак, 40 контејнери за селекција на пластика и една балирка. Во тек е постапка за набавка на две возила за смет од 16м3 и два подземни контејнери преку Словенечката влада со учество на претпријатието од 50 % од вредноста на инвестицијата.

Една од дејностите на „Комуналец“ е и одржувањето на зеленилото во градов. Во изминатиот период извршено е оплеменување на нови зелени површини во центарот на градот и приградските населби, Скрческа рече дека приоритет на претпријатието е чист и уреден град какон и граѓани задоволни од услугите, добри деловни односи со коминтентите и унапредување на ликвидноста и финансиското работење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top