Велигден весело се одбележа на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Нашите иселеници од Мелбурн, Австралија штитениците од ова одделение ги почестија со празничен ручек.
Големиот христијански празник Велигден весело се одбележа и на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Нашите иселеници од здружението „Св Наум Охридски“ од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделение ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. Инаку соработката со Австралиското друштво постои многу одамна нагласува Лазар Стојчески, главниот медицински техничар. Тој додава дека редовно добивале помош од нашинците од Австралија посебно на геријатриското одделение.
Ова здружение од Мелбурн има доста донирано во нашево одделение и тоа разни ортопедски помагала. Минатата година примивме посебна донација од нив за нашето одделение од 100 чаршави, душеци, со нивни средства реновиравме дел од собите со ламинат, купивме машина за перење, го уредивме влезот и дворот на нашето одделение. Соработката и понатаму продолжува, вели Стојчески.
Голема благодарност од целиот медицински тим на геријатриското одделение беше упатена кон нашите иселеници членови на здружението „Св Наум Охридски“, од Мелбурн. Ова здружение постои три децении, редовно испраќа донации во Охрид, со што се зацрврстува нераскинливата врска на иселениците со родниот крај.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град