Велигденски саем по втор пат

Рачни изработки, национални јадења, накит, бакрорез и уште многу други интересни производи можат да се видат и да се купат на овогодинешниот Велигденски саем. И оваа година саемот има хумана димензија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
saem
саем

 

Велигденски саем по втор пат. Осумнаесет излагачи денеска и утре ќе ги презентираат своите рачно изработени предмети, украси, сувенири кои ќе се продаваат по симболични цени.

Саемот  се организира во халата за текстил во ЈП „Градски Пазар“. Директорот на ова јавно претпријатие, Тони Коталески вели дека се задоволни од интересот на производителите кои ќе земат учество на овој Велигденски саем.саем

Акцентот и оваа година е ставен на хуманоста. Закупот на просторот е бесплатен, а дел од средствата од продадените производи ќе одат во хуманитарни цели. Ние заедно со опшштина Охрид и Црвен крст дониравме 30 пакети за социјално загрозените семејства. Во нив се содржани прехрамбени производи и производи за лична хигиена, вели Коталески.

Општина Охрид и оваа година го подржа одржувањето на овој саем. Од таму велат дека со велигденските празници започнува и туристичката сезона во градов па ваквите манифестации се значајни и во тој контекст,

Оваа манифестација веќе завзема место и во туристичката понуда на градов. Ние мора да смислуваме нови форми и начини како истата да ја прошириме, рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.saem

Јанев кажа дека во иднина ќе се залагаат овој саем да прерасне во помасовна манифестација и да се изнајде нова локација каде ќе можат да се престават повеќе производители.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top