Му ги кажаа досегашните достигнувања, потенцираа оти успесите би биле поголеми, доколку се добро финансиски подкрепени.
Му ги кажаа досегашните достигнувања, потенцираа оти успесите би биле поголеми, доколку се добро финансиски подкрепени.
Врвните спортисти родум од Струга се сретнаа со градоначалникот Рамиз Мерко. Елена Ѓоргиеска од женската ракометна репрезентација, Виљерда Селими, член на карате федерацијата, Наумче Мојсоски од машката ракометна репрезентација како и боксерот Наси Хани, на маса седнаа со градоначалникот да разговараат за постигнатите успеси.
Спортистите му кажаа на градоначалникот оти постојано нижат успеси но дел од нив се занемарени токму поради финансиските средства. Виљерда Селими веќе 10- години е член на карате федерацијата, досега учествувала на голем број турнира и постигнувала успеси. Таа е убедена оти доколку финансиски била добро подкрепена тогаш бројот на нејзините достигнувања би биле уште поголеми.
Боксерот Хани, токму поради финансиските средства е приморан своите вештини да ги применува во друга држава. Потпиша договор за работа во САД.
„Таму ќе продолжам со активностите, бидејќи овде без пари можам малку да постигнам“-истакна боксерот Наси Хани.
Локалната самоуправа полека почнува на инвестира во спортот, вложуваме максимално, финансиски да ги поткрепиме спортистите но воопшто во спортот, вели градоначалникот. Тој тоа го правел бидејќи длабоко во себе го носи спортскиот дух.
„Во минатото бев фудбалер во „Караорман“, потоа во струденските денови играв ракомет. Бев добар спортист и се гордеам на тоа. Сеуште сум спортски граден“-вели градоначалнико Рамиз Мерко.
Тој во знак на благодарност за досегашната соработка, од Мојсоски доби маичка за спомен од машката ракометна репрезентација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град