Не стивнуваат реакциите по седницата на совет која се одржа во петокот, а на која една од точките на дневен ред беше и Урбанизацијата на Студенчишкото блато. Излагањето на Др. Ленче Локоска, преставникот на Хидробиолошкиот институт ја разбранува охридската јавност. Коментарите се најразлични, а дел од нив се лични и обоени во партиски бои.
Има или нема Студенчишко блато. Никако да се разреши оваа дилема. Ниту на седницата која се одржа во петокот на која една од точките на дневен ред беше урбанизацијата на Студенчишкото блато не се доби одговор на ова прашање. Опозиционерите кои побараа да се стави ваква точка на дневен ред очекуваа стручно лице од Хидробиолошкиот институт да ја разреши оваа дилема.
Ни треба екипа да појдеме сите заедно да видиме што е останато а што нема од некогашното блато. Да испитаме кој жив свет го има во моментов таму. Дали природните врски со езерото се скинати или сеуште постојат. Не можеме да се базираме само на студијата направена во 2011 година. Па јас сум веќе речиси триесет години во Хидробиолошкиот имнститут. Самата зграда се наоѓа во блатото. Порано имавме во дворот бел и жолт локвањ и ирис. Сега нема ништо. Блатото е претворено во депонија. И ова не е мое лично мислење, вели Др. Ленче Локоска, преставникот од Хидробиолошки завод.
Но, излагањето на Др. Локоска која го преставуваше институтот опозиционерите го оценија како паушално и како нејзин личен став, а не како став на научната установа. Локоска за ТВМ вели дека тоа воопшто не е така бидејќи ден пред седницата Советот на институтот кој е составен од шест члена, меѓу кои и доктори на науки одржал состанок, на кој станало збор и за ставот со кој оваа институција ќе настапи пред градските избраници. Таа тврди дека нејзиното излагање на седницата не е нејзин личен став туку став на Хидробиолошки.
Ова нејзино излагање ја разбранува охридската јавност.
Др. Вера Новевска, научен советник, во пензија, со 35 годишен стаж во Хидробиолошки Завод Охрид, реагираше на ставот од оваа институција во однос на Студенчишкото блато, изнесен на седницата на градскиот совет. Таа изрази сомнеж дека тоа не е став на научната фела од Хидробиолошки завод.
И Орхидеја Тасевска која е член на Советот во Хидробиолошки завод, на социјалните мрежи тврди дека изнесениот став на Локоска не е и став на Советот.
Во интерес на вистината ја побаравме директорката на Хидробиолошки завод, Сузана Патчева за да каже јавно кој е ставот на институцијата на која таа е прв човек. Но Патчева денес беше службено отсутна.
Инаку реакциите на излагањето на Др.Локоска зазедоа и лични размери. Дел од коментарите деновиве беа во насока дека врз Локоска бил извршен партиски притисок поради тоа што нејзиниот син волонтирал во охридската болница па требало да добие решение. Локоска остро реагира на тоа.
Нема врска. Навистина мојот син е лекар волонтер. Но имаше конкурс на кој се пријави, ги полгаше сите потребни испити, полагаше и јазик и стручен испит. Неговото вработување е регуларно како и секое друго. Јас никогаш не сум ја злоупотребила партијата, децидна е Др. Локоска.
Локоска вели дека политика се бара и таму каде што нема и тврди дека нејзиното излагање во врска со Студенчишкото блато, на последната седница на совет нема никаква партиска позадина и личен интерес.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град