Унијата на независни автономни синдикати едуцира предавачи

Унијата на независни автономни синдикати организира едукативен тренинг.

 

 |  Валентина Нелоска  | 
Slobodan Antovski
Слободан Антовски

Во престојниот период ќе се јакне  капацитетот  на синдикалниот дијалог, колективното преговарање и можностите за полова еднаквост.

Тренинзите се подржани од холандскиот независен синдикат и имаат за  цел едуцирање на  предавачи вели Благоја Иваноски претседател на федерацијата на градежништвото и дрвната индустрија.

Blagoja IvanoskiУнијата на независни автономни синдикати е составена од 6 федерации, и тоа од  индустрија, нестопански дејности, градежништво и дрвна  индустрија, земјоделство, транспорт и трговија. Слободан Антовски претседател на УНАСМ појаснува дека во  период кој престои имаат зацртано и одредени планови. Еден од нив е препознавање на вистината кој е вистинксиот репрезенативен  синдикат во земјава.

УНАСМ брои околу 60.000 членови , а од 1991 година се единствена членка со право на глас во меѓународната организација на трудот.  Од 2008 година УНАСМ е членка на европскиот центар за работнички права. Соработуваат со повеќе синдиклни органзиации во Европа.

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top