Еден час мрак за промена на климатските промени

Се ближи 28 март, денот кога се одржува „Часот на планетата Земја”. Ова е  најголемата акција на граѓаните од целиот свет, обединети во заедничко гасење на светилките, како порака дека не сакаме климатски промени туку здрава планета.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Се ближи 28 март, денот кога се одржува „Часот на планетата Земја”. Ова е  најголемата акција на граѓаните од целиот свет, обединети во заедничко гасење на светилките, како порака дека не сакаме климатски промени туку здрава планета.

Македонија оваа година го руши минатогодишниот рекорд на исклучени локации, па така оваа година бројката надминува над 60 локации низ целата Република кои ќе го исклучат осветлувањето во траење од еден час.

логоЧасот на планетата Земја е глобално еколошко движење креиарно од WWF (Светската фондација за дивиот свет). Како една од првите кампањи креиарана од луѓето за луѓето, Часот на планетата Земја прерасна во симболичен настан кој се одбележува во многу градови и земји, поддржан од индивидуалци, бизниси, организации и влади, со цел преку симболично исклучување на осветлувањето да се подигне еколошката свест кај граѓаните. Движењето започнува како мала иницијатива во градот Сиднеј во далечната 2007 година, за од тогаш да прерасне во акција која се одржува во над 162 земји и преку 7000 градови ширум светот. преку симболичното исклучување на осветлувањето да се покаже моќта на индивидуалецот дека може да направи промена, особено кога таа индивидуална моќ е обединета во колективна акција. Впрочем тоа е и слоганот на акцијата оваа година: Употреби ја твојата моќ и промени ги климатските промени. Часот на планетата Земја освен што на глобално ниво организира исклучување на јавни објекти (плоштади, паркови и споменици), ги поканува и сите оние кои сакаат да ја поддржат акцијата да ги исклучат светилките во своите домови и со тоа да дадат придонес за спас на планетата.

Од здружението„Часот на планетата Земја” во Македонија велат, дека Македонија Веќе шеста година по ред  е дел од ова светско движење и од година во година се повеќе локации потонуваат во мрак за Часот на планетата Земја. Македонија оваа година го руши минатогодишниот рекорд на исклучени локации, па така годинава бројката надминува над 60 локации низ целата земја кои ќе го исклучат осветлувањето. Централниот настан е закажан за Скопје на улица Македонија, кога во 20.30 часот веднаш по исклучувањето на целосното осветлување, скопјани ќе бидат сведоци на неверојатен флеш моб перформанс со специјални светлечки ефекти, а настапот ќе биде поддржан од волонтерите на Црвениот крст кои ќе ја осветлат улица Македонија со свеќи.  Во Охрид, пак, во мрак ќе потонат Самуиловите тврдини, црквата „Канео“ и споменикот на свети Кирил и Методиј.  Светилките глобално ќе бидат исклучени 1 час на 28 март почнувајќи од 20:30 часот !

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top