Од УЈП смируваат дека софтверот функционира нормално и грешките кои се јавувале во минатото се лоцирани и отстранети.
Воведувањето на бруто плата според експертите е позитивен систем, меѓутоа реализацијата е главниот проблем.Крајниот рок за поднесување на месечните пресметки за плата е денеска до 18 часот , а најдоцна до 15 ти во месецот треба да се изврши исплата на платитe на вработените.Поднесувањето на месечните пресметки за месец февруари, во регионалната дирекција во Битола се одвива нормално и без засотој. Од вкупно 12000 регистрирани фирми поднесени се 6998 пресметки, од кои се прифатени 6528. Софтверот на управата за јавни приходи функционира нормално, грешките кои се јавувале во минатото се лоцирани и одстранети. „До вчерашниот ден плата примиле 27000 вработени а одбиени се 9000“- велат од регионалната управа.
Во Охрид, од вкупно 2015 регистрирани фирми извештај поднесле 1109 фирми со 6262 вработени. Сите оние кои што имаат поднесено годишен даночен извештај досега, се известени да си направат корекции.
Остануваат уште 906 охридски фирми кои до крајов на денот треба да ги поднесат своите извештаи. Останува неизвесно дали тоа ќе се реализира?
Управата за јавни приходи на ниво на држава до денеска напладне обработила вкупно 40.699 месечни пресметки за интегрирана наплата и исплатени плати за 301.594 вработени. Одобрени се 37 881, а 2818 месечни пресметки се одбиени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град