Семејството Атанасовски реагираат на нелегална градба.Првично било предвидено да се гради приземје и еден кат, за да потоа прерасне во приземје и два ката.
Семејството Атанасовски реагираат на нелегална градба.Првично било предвидено да се гради приземје и еден кат, за да потоа прерасне во приземје и два ката.
Во стариот дел на Охрид продолжуваат да никнат нелегални градби, се жалат Варошани. ТВМ регистрираше уште еден ваков пример. Станува збор за куќа, која според деталниот урбанистички план,треба да биде Приземје и еден кат, а не приземје два ката и поткровје, вели Весела Атанасовска, соговорникот по чија иницијатива Тв М го работи овој прилог. Таа реагира на градбата на нејзините сегашни комшии кои како што вели започнаа едно, а градат друго.
„Некој да живее во тунел, а некој да се шири? Зарем ние Охриѓаниве треба да живееме нејмизерно“, вели Атанасовска,на која новата грандиозна градба комплетно ќе и го затвори видикот.
Атанасови подолг период се обидуваат правдината да ја извадат на виделина. Се обратиле и до градежната инспекција, која дошла на лице место.
За веродостојност на информацијата стапивме во контакт со раководителот на секторот за урбанизам при општина Охрид, Бранко Арнаудов.Тој ни потврди дека според урбанистичкиот план на таа локација предвиден е стамбен објект со спратност високоприземје +кат. „Таа куќа фактички претставува дел од три објекти во низ од кој едниот од десната страна е исто високоприземје + кат, а од левата страна објект приземје + кат“, вели Арнаудов.
Раководителот на сектрот за урбанизам уште кажа дека главниот проект за стамбениот објект во изградба е одобрен и од завод и музеј и од министертсвото за култура и после плаќањето за уредување на земјиште е издадено и одобрение за градба на објектот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град