Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (27) од Центар Жупа. Него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (27) од Центар Жупа. Него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јануари оваа година, од две куќи во селото Житинени општина Центар Жупа сопственост на двајца браќа кои биле на привремена работа во странство.
Тој, со подесен предмет ја оштетил и ја отворил металната врата за влез во дворот од првата куќа а потоа и прозорот на приземјето. Откако влегол, извршил пребарување низ сите соби по што одзел телевизор плазма марка „ШНАЈДЕР”, музички систем марка „ФИЛИПС“ и ДВД-плеер.
Потоа, се префрлил во дворот од соседната куќа каде успеал на истиот начин да влезе внатре и да одземе телевизор плазма, марка „ФУЕГО”, два музички вуфери од музички систем, дигитален ресивер, ДВД-плеер, рачна работна машина-Флекс, бормашина и апарат за заварување. Потоа, предметите ги ставил во возило марка „Форд Фиеста“ во сопственост на еден од оштетените што било во гаражата во склоп на куќата и заминал.
При реализација на кривичните дела, полициската станица од Дебар го пронајде патничкото моторно возило марка „Форд Фиеста“ како и дел од бесправно одземените предмети кои, сега притворениот им ги предал на чување на неколку свои пријатели. Тие им се предадени на оштетените соственици.
При обидот за приведување, сега притворениот С.М. се обидел лажно да им се претстави на полициските службеници. Тој е лице против и досега полициската станица од Дебар по слични основи поднесувала кривични пријави.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град